Искрена препорака од една мајка: 5 мали апарати кои ми го олеснуваат секојдневието
Неодамна во разговор со тазе мажена пријателка, на шега ѝ реков дека кога ќе се реши да роди дете, од мене за повојница ќе добие мини рачна правосмукалка. И верувам дека ќе ми биде вечно благодарна.
Затоа што тргнувајќи од себе со две мали деца во моментов, мислам дека малава правосмукалка работи минимум 10 пати во денот.
Кои се петте мали апарати во домот кои сметам дека го олеснуваат животот на една мајка?
1. Мини рачна правосмукалка за собирање на бројните трошки и парчиња храна во текот на целиот ден.
Памтам кога ја купувавме пред три години, баравме да биде доста моќна за да може да собира „ситнурашки“.
Моделот е Rowenta, купена во Neptun и колку што гледам, може да се купи и сега. Ви оставам линк до истата, чисти и мокри површини.
2. Рачен блендер или нутри булет – за подготовка на оброците на бебињата.
Нутри булетот ми е класика и освен што ми се наоѓа за смути на брзинка за поголемата ќерка (да внесе доволно овошје и семиња кога не сме дома поголем дел од денот), и кашите за бебето ми се готови за неколку секунди.
Купен во Топ Шоп.
Рачниот блендер пак ми е практичен за на пат и за по гости. Купен во SETEC.
3. Моќен фен за коса што ќе ви ја исуши за 3 минути (единствените слободни минути кои честопати ги имате во денот).
Мојот е подарок, но колку што прочепкав може да го најдете во SETEC и Neptun.
4. Тостер за потпекување лепчиња на брзинка – затоа што децата секогаш повеќе сакаат крцкаво лепче со путер, џем или друг намаз. Плус, честопати лепчето знае да биде старо некој ден...
Моментално користам ваков на Philips, а имам и на Severin, кој моментално онлајн не го гледам по продавнициве.
5. Електричен бокал – за брз чај, брзо премивање на цуцли, играчки и сл.
Го користам овој на GREE, и задолжително, ако користите вода од чешма, еднаш неделно превривање со средство за бигор.
Кафемат не ставам во листава, затоа што сум сигурна дека го имате уште пред да имате деца.
Што би додале вие што би можело да го олесни животот на мајките?
Е. П. | Црнобело