Максимално искористете ја евтината тарифа и уште 7 совети како да ја намалите сметката за струја
Кога купувате нови уреди, осигурете се дека се енергетски ефикасни и максимално искористете ги периодите кога има евтина тарифа за перење облека и слично.
Кај нас, за многу луѓе проблем се високите сметки за струја.
Иако има низа фактори што влијаат врз високите сметки кои се надвор од ваша контрола, можете и вие да направите нешто за колку-толку да ги намалите.
Неколку работи што е добро да ги имате предвид:
Купувајте уреди со мала потрошувачка
Ако купувате нов уред, осигурете се дека е енергетски ефикасен.
Денес повеќето модели на машини за облека, за садови, фрижидери, клима уреди и слично се енергетски ефикасни, но сепак добро информирајте се и во продавницата.
Ако имате многу стари уреди и можете да си дозволите да замените барем еден со нов, вреди да инвестирате бидејќи долгорочно ќе ги намалите сметките за струја.
Бидете умерени со греење и ладење
Вo лето нема потреба домот да биде „мраз студен“ – од една страна, наглото менување на температурата кога ќе излезете надвор не е добро за здравјето, а од друга ќе заштедите и на струја.
И во зима нема потреба да биде толку топло што ќе носите облека со кратки ракави по дома.
Облечете се потопло и намалете го греењето.
Сменете ги сијалиците
Во текот на денот избегнувајте да ги вклучувате светилките, освен ако навистина не ви се потребни, како во потемна просторија.
Исто така, заменете ги сијалиците со штедливи модели.
Исклучувајте го бојлерот
Ако денес не планирате да се туширате или во бојлерот има доволно топла вода за едно туширање, тогаш нема потреба да работи цел ден.
Најдобро е да го вклучувате бојлерот кога планирате да се туширате.
Исто така, не го местете на највисока температура.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





