Максимално искористете ја евтината тарифа и уште 7 совети како да ја намалите сметката за струја
Одржувајте ги уредите
Ако редовно ги чистите уредите, тие ќе бидат енергетски поефикасни.
Исто така, можете барем еднаш годишно да викнете експерт кој ќе провери дали сè работи како што треба и дали можеби треба потемелно чистење.
Сменете некои навики
Аkо не гледате телевизија, исклучете го телевизорот. Ако не престојувате во некоја соба, исклучете ги сијалиците.
Не пуштајте машина за облека за само три парчиња, а истото важи и за машината за садови.
Променете некои вакви навики и ќе можете да ја намалите сметката.
Планирајте кога ќе ги користите уредите со голема потрошувачка
Искористете ги периодите од денот кога има евтина тарифа на струја за пуштање машина за садови или облека, за да го наполните бојлерот и слично.
Изолирајте го домот
Ова е особено важно во зима – осигурете се дека домот е добро изолиран, дека прозорците не пропуштаат студ и слично, зa да не губите топлина.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





