Како лесно да ја исчистите машината за перење?

Веројатно ретко на кој му текнало дека машината за облека треба да се исчисти. Со тоа што водите сметка за машината, го подобрување перењето на облеката, а и го продолжувате векот на самата машина.

kako-lesno-da-ja-iscistite-masinata-za-perenje-01.jpg

Ова е целата постапка која ќе ви помогне да се ослободите од нечистотиите кои се таложат на филтрите.

1. Исклучете ја машината од струја.

2. Од надворешна страна пребришете ја со млака вода. Ако тоа не е доволно, ставете малку средство за садови.

3. Внатрешното перење зависи од проблемот кој го имате:

Проблем со ‘рѓа: Вклучете ја машината на највисока температура, на програма за вриење. Во машината додајте 2 чаши исцеден сок од лимон и оставете ја да заврши. Повторете ја постапката но овој пат без да додавате лимон.

Проблем со непријатен мирис: Вклучете ја машината на вриење, а во водата додадете 2 чаши алкохолен оцет и 2 чаши варикина. Вклучете ја уште еднаш, но овој пат само водата нека ги измие средствата.

Проблем со влакна: По секое завршено перење оставете ја вратата отворена. На тој начин внатрешноста ќе се исуши, а влакната може да ги соберете со правосмукалка.

На неколку перења не заборавајте да ја пребришете и гумата околу отворот. Под неа често се собираат нечистотии кои предизвикуваат непријатни мириси.

Плус, секогаш вадете ја облеката веднаш по завршувањето на перењето.

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата? Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не з...
Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“ Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg