Едноставни домаќински трикови што ќе ви бидат од корист

Употребете ракавица за да ја избришете прашината од предметите во домот. Кои други едноставни трикови ќе ви бидат од корист?

ednostavni-domakjinski-trikovi-shto-kje-vi-bidat-od-korist-01.jpg

Иако денес постои средство, алат и слично за сè, некогаш ги немаме овие работи при рака.

Трикови што ќе ви се најдат во вакви ситуации:

Влажни марамчиња за отстранување дамки

Ако на облеката ви се истури нешто, како храна, веднаш избришете ја со влажно марамче.

Со ова значително ќе ја намалите дамката додека да стигнете дома, па и перењето ќе биде полесно.

ednostavni-domakjinski-trikovi-shto-kje-vi-bidat-od-korist-02.jpg

Направете сами додаток за правосмукалка

Ако немате додатоци за правосмукалката за тесни простори, слободно импровизирајте.

За ова може да ви помогне картонот од ролна тоалетна хартија.

Треба само да го прицврстите едниот дел на цревото, а другиот малку да го свиткате, како на фотките подолу.

ednostavni-domakjinski-trikovi-shto-kje-vi-bidat-od-korist-03.jpg

Исчистете ги решетките од аспираторот со масло

Чистењето на решетките од аспираторот не е воопшто лесно.

Но, ако употребите маслиново масло, ќе си го олесните процесот.

Ставете малку маслиново масло на памук и исчистете ги најтврдокорните дамки.

Потоа само поминете ги решетките со сунѓер со топла вода.

ednostavni-domakjinski-trikovi-shto-kje-vi-bidat-od-korist-04.jpg

Ракавици за бришење прашина

Купете евтини ракавици и користете ги за бришење прашина од предмети, како вазни и украси.

Ова е многу полесен начин отколку со крпа.

Потоа само исперете ги ракавиците.

ednostavni-domakjinski-trikovi-shto-kje-vi-bidat-od-korist-05.jpg

Отстранете ги гребаниците од ламинатот со тениско топче

Да нагласиме дека овој трик нема да функционира доколу станува збор за длабоки гребаници и големо оштетување на ламинатот.

Но, може да ги отстрани малите траги што ги остава мебелот.

Доволно е само да ги истриете со најобично тениско топче.

ednostavni-domakjinski-trikovi-shto-kje-vi-bidat-od-korist-06.jpg

Едноставно чистење на блендерот

Ставете вода и малку средство за садови во блендерот и пуштете го неколку секунди.

Поради движењето, водата со сапуница ќе ги собере скоро сите нечистотии.

Потоа само исплакнете го.

ednostavni-domakjinski-trikovi-shto-kje-vi-bidat-od-korist-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg