10 едноставни решенија за вашиот дом да биде уште поудобно место за живеење

Насекаде низ домот ставете мали вазнички со по еден цвет - во дневната, кујната, во ходникот, во тоалетот - тие ќе му дадат живост на просторот. 

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-001.jpg

Понекогаш, кога се обидуваме да му дадеме личен печат на домот, го пренатрупуваме со непотребни работи или со ситници кои не се вклопуваат една со друга.

Па, наместо да создадеме чувство на топлина - во просторот правиме невиден хаос.

За да се избегнат овие грешки, ви нудиме 10 едноставни решенија, кои, се надеваме ќе ви помогнат при уредувањето или преорганизирањето на просторот.

Група книги на полиците

Некои луѓе ги редат книгите по висина, дебелина, боја на корицата, автор, а други ги ставаат без никаков конкретен редослед.

За полицата со книги да не ви е шарена, можете книгите да ги свртите обратно - корицата кон ѕидот, а листовите кон просторијата, па без оглед како ќе ги наредите, ќе доминира крем бојата и просторот ќе изгледа почисто и пошироко.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-05.jpg

Расчистете ја масичката за пиење кафе

Ако на масичката за пиење кафе, освен шолјата и украсите имате и тегличка со шеќер, сад со бонбони, кутии со лекови и секакви ситници - просторот ќе делува исклучително неуредно.

Затоа тргнете ги апсолутно сите предмети кои не треба да стојат таму.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-07.jpg

Мали вазни со цвеќе

Насекаде низ домот ставете мали вазнички со по еден цвет - во дневната, кујната, во ходникот, во тоалетот.

Без оглед дали се природни или вештачки, тие ќе му дадат живост на просторот.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-09.jpg

Плетена корпа за ќебиња

Важно е добро да го организирате просторот во кој живеете.

Ако, на пример, во дневната немате плакар во кој би стоело ќебето што го користите кога сакате да легнете и одморите, наместо да ви стои на креветот, можете да купите плетена корпа и да го чувате здиплено во неа, а покрај креветот.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-11.jpg

Играјте си со светлата

Светлото од лустерот никогаш нема да ви даде чувство на романтика.

Затоа, купете и неколку мали светилки или свеќи и играјте си со нив за да создадете убава атмосфера во просторот.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-10.jpg

Групирајте ги украсните предмети

Со само неколку слични предмети можете да му дадете пријатен изглед на просторот.

Ако имате фотелја, кога е празна, таа делува стерилно. Ако ѝ ставите едно перниче веќе ќе создадете поубав простор.

Но, ако покрај перничето наместите и ламба во истиот стил и некој мал украс - одеднаш просторот околу фотелјата ќе биде топол и пријатен.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-12.jpg

Празнични сијалички како украс цела година

Ако на ѕидот поставите неколку реда празнични сијалички, па на нив закачите фотографии, одеднаш ќе добиете необичен и уникатен украс на ѕидот кој може да стои таму во текот на целата година и да му дава лична нота на просторот.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-06.jpg

Инвестирајте во убава постелнина

Понекогаш омилената постелнина е онаа што ја користиме со години и е толку стара што е демоде.

Купете барем една нова убава постелнина, која ќе го оплемени просторот.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-03.jpg

Свеќи за топлина

Според дизајнерите на ентериер, најлесниот начин да внесете топлина во домот е да ставите неколку украсни свеќи.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-04.jpg

Украсни полици

Ако живеете во мал стан или имате тесен простор, ставете полици на ѕидовите, а потоа на нив може да ставите украси.

10-ednostavni-reshenija-za-vashiot-dom-da-bide-ushte-poudobno-mesto-za-zhiveenje-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg