Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно
Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако редовно ја чистите. Препорачливо е да ги менувате завесите еднаш годишно, па и порано ако забележите знаци на мувла.
За да заштедиме, но и за да ја заштитиме природата од дополнителен отпад, скоро сите настојуваме максимално да ги искористиме предметите во домот.
Но, некои предмети е препорачливо да ги менуваме со нови околу еднаш годишно. Или, ако сакаме да ни траат подолго, да ги замениме со поквалитетни и алтернативи од други материјали.
Предмети кои треба да ги менувате со нови еднаш годишно:
Пластични садови за храна
Некои видови пластика со текот на времето почнуваат да ослободуваат штетни хемикалии.
Овие хемикалии, пак, можат да завршат во вашата храна ако ја чувате во пластични садови.
Затоа препорачливо е да ги менувате еднаш годишно. Или, уште подобро, вложете во стаклени садови кои траат многу подолго, но и кои се подобри за природата.
Пластична даска за сечење
На пластичната даска за сечење лесно се прават гребаници, кои потоа стануваат совршено место за акумулација на бактерии.
Па, и ова е предмет што треба да го менувате често.
Од друга страна, дрвените даски можат да ви служат многу, многу подолго.
Нож за лупење
Ако го користите скоро секојдневно, препорачливо е еднаш годишно да го менувате ножот за лупење (или само сечилото ако имате таков модел).
Како и секој нож, и овие ножеви истапуваат, а тогаш постои поголем ризик да ви се лизне од раката и да се пресечете.
Четка за коса
Дури и со редовно чистење, на четката за коса се акумулираат ситни честички нечистотии.
Ако на четката има пукнатини, овде може да се соберат и бактерии.
Поради ова, треба да ја миете четката еднаш неделно, но и да ја замените со нова по околу една година.
Завеса во бања
Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако редовно ја чистите.
Препорачливо е да ги менувате завесите еднаш годишно, па и порано ако забележите знаци на мувла.
Менструална чашка
Од огромна важност е менструалната чашка да биде беспрекорно чиста кога ја користите за да избегнете инфекции.
Ако правилно се грижите за чашката, може да ви трае и неколку години.
Но, ако не водите добра грижа за неа, заменете ја со нова по една година.
Простирка за вежбање
Рокот на траење на овие простирки зависи од многу фактори како квалитетот, но и колку често се користат.
Ако често ја користите, идеално е да ја замените со нова по една година.
Ако, пак, забележите непријатен мирис кој не се отстранува ни со миење или ако станала лизгава, купете нова и порано.
Спирова С. | Црнобело