11 докази дека осаменоста е опасна по здравјето
По само 48 часа во изолација кај луѓето се појавува анксиозност, па дури и халуцинации. Зголемен е ризикот од депресија, а намален е имунитетот.
Сите имаме потреба од мигови кога сакаме да се повлечеме од сите и да се изолираме на миг, но изолацијата и осаменоста долгорочно носат негативни ефекти врз нашето здравје.
Научниците се согласуваат дека осаменоста е штетна по здравјето на повеќе начини:
Му штети на физичкото здравје
Кај осамените луѓе ослабува имунитетот, се зголемува крвниот притисок и поголема е шансата за појава на деменција.
Ментална нестабилност
Еден експеримент каде луѓе биле заклучени 48 часа покажа дека кај нив се појавиле симптоми на анксиозност, пречувствителност, нефокусирани мисли итн.
Халуцинации
Во истиот експеримент кај испитаниците почнале да се јавуваат и халуцинации. Мозокот страда поради недостигот од информации кои доаѓаат од надвор, но нервниот систем продолжува да му дава некакви сигнали и како резултат на тоа мозокот креира нереална слика.
Зголемен ризик од самоубиство
Осаменоста е проблем и мора да се третира, затоа што колку е поголем степенот на осаменост на некоја личност, толку е поголема можноста за самоубиство.
Зголемен ризик од депресија
Осамените луѓе не се задоволни од животот, тие се склони кон песимизам и се чувствуваат беспомошно. Намалена е самодовербата и способноста за решавање на проблемите. Изолираната личност ги губи социјалните вештини и тешко воспоставува врски со другите.
Зголемен ризик од алкохолизам
Осамената личност потешко се справува во лошите навики. Таа нема контакт со другите, ниту поддршка од нив да го стори тоа, па лесно може да подлегне на лошите навики како алкохолизмот.