„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои мажите не треба да ги кријат
Прекумерното потење, но и еректилната дисфункција можат да бидат знак за проблем со здравјето, па не треба да ги криете од вашиот лекар.
Освен проблемите со репродуктивниот систем, мажите и жените главно се соочуваат со исти здравствени проблеми.
Сепак, некои болести и симптоми се почести кај мажите.
А, дел од овие проблеми можат да бидат засрамувачки за мажите, па тие ги кријат, дури и од нивниот лекар.
Здравствени проблеми кои никогаш не треба да ги криете од вашиот лекар:
Прекумерно потење
Генерално, мажите се потат повеќе од жените.
Нo, ако дланките постојано ви се влажни или често се потите, дури и кога не е многу топло или не сте физички активни, тогаш можно е да станува збор за проблем кој не е поврзан со вашиот пол.
Прекумерното потење може да биде предизвикано од анксиозност, но и дијабетес и други проблеми со здравјето.
Црвенило на лицето
Ако лицето честопати ви е црвено, тогаш можеби се соочувате со розацеа.
Ова е чест проблем со кожата кој предизвикува повремено или константно црвенило на кожата.
А, симптомите обично се поизразени кај мажите.
Нема лек за оваа состојба, но вашиот лекар може да ви помогне да ги ублажите симптомите.
Паѓање на косата
Паѓањето на косата е чест проблем кај мажите.
И, ова не е нешто од коешто треба да се срамите – можеби ќе ве утеши фактот дека околу 50% од мажите се соочуваат со истиот проблем.
Најчесто причината е таканаречената машка андрогена алопеција, а паѓањето може да почне да почне да се забележува уште во 30-тите години.
Речиси и да нема начин да ја вратите паднатата коса, но важно е да не се срамите од оваа појава.
Рчење
И ’рчењето е почесто кај мажите отколку кај жените.
Во повеќето случаи не е знак за некаков проблем.
Но, ако ’рчите почесто или погласно, можно е да се соочувате со апнеја (душење во сонот) и во тој случај треба да се консултирате со лекар.
Гасови и подуен стомак
Гасовите се нормална појава и кај жените, и кај мажите.
Но, ако имате повеќе гасови од вообичаено, можно е да треба да ја промените исхраната.
Некогаш причината можат да бидат проблеми и како целијакија, синдром на нервозно црево или нетолеранција на лактоза.
Па, ако одеднаш забележите дека почесто имате гасови, најдобро консултирајте се со лекар.