„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои мажите не треба да ги кријат
Чешање и осип во областа на препоните
Најчесто овој осип е предизвикан од вид габична инфекција која, пак, лесно се пренесува во теретана каде што справите за вежбање не се често дезинфицирани.
Може да се пренесе и од валкана крпа или ако се допрете со валкани раце.
Постојат разни третмани за габични инфекции, па не треба да го трпите непријатното чешање само затоа што ви е срам.
Враснати нокти
Обично мажите не обрнуваат толку внимание на изгледот на ноктите како жените.
Па, враснатите нокти се почеста појава кај нив.
Сепак, не треба да ги игнорирате бидејќи враснатите нокти покрај болка, предизвикуваат отоци, па дури и инфекции.
А, за да ја избегнете појавата, немојте да ги сечете ноктите премногу кратки.
Лош здив
Секако, лошата орална хигиена е главната причина за непријатен здив.
Но, ако редовно ги миете забите и водите грижа за оралната хигиена, а сепак имате непријатен здив, одете на заболекар.
Лошиот здив може да биде предизвикан од проблеми со непцата, сува уста, па и киселини.
Еректилна дисфункција
Еректилната дисфункција не е проблем што треба да го криете од вашиот лекар.
А, ако ви е срам, не заборавајте дека скоро третина од мажите се соочуваат со ова.
Постојат бројни причини за еректилна дисфункција, вклучувајќи дијабетес, проблеми со срцето, проблеми со циркулацијата…
Проблеми со простата
Ова е уште еден чест проблем со кој се соочуваат мажите и обично причината е возраста.
Доста често предизвикува зачестена потреба за одење во тоалет, па ако го забележите овој симптом, немојте да го криете од вашиот лекар.
Денес постојат лекови и терапии кои ќе ви помогнат да ги ублажите симптомите.
Спирова С. | Црнобело