Вежби за вашиот тип на градба

Извлечете максимум од вежбањето приспособувајќи го тренингот во однос на својата градба. Погледнете како и на кои делови од телото посебно да внимавате.

vezbi-za-vasiot-tip-na-gradba-01

Издвојуваме четири типови градба на тело, препознајте се и почнете да вежбате:

Крушка

Доколку имате тело во облик на крушка, тогаш припаѓате во групата со познатите ѕвезди како: Алиша Кис, Џенифер Лав Хјуит, Џенифер Лопез.

Крушката подразбира потесен горен дел во однос на долниот. Бутовите и бедрата се централен дел, за кој, ако сакате да биде потенок и затегнат, не смеете да го заборавите ниту делот зад појасот.

Најдобро решение е одење, трчање, возење велосипед во траење од 45 минути, пет до шест дена во неделата. Со тоа нема да вршите преголем притисок на колената, зглобовите и колковите.

Кога станува збор за зајакнување на мускулите на рамената и рацете, се препорачува на почетокот да работите со помала тежина, а со текот на времето можете да ја зголемувате тежината.

vezbi-za-vasiot-tip-na-gradba-1

Правоаголник

Жените со правоаголен облик на телото спаѓаат во иста група со ѕвезди како: Камерон Дијаз и Гвинет Палтроу. Тие може да носат скоро сè, но немаат типични женски облини.

Основните карактеристики на ваквата градба се тоа што рамената и градите се иста големина, како и колковите и имаат ненагласен струк. Во случај на здебелување, најпроблематичен дел им е стомакот.

За да добијат облини, ваквите жени најмногу внимание треба да обрнат на затегнувањето на стомакот. Освен тоа би требало да се зголемат мускулите на задникот со посебни вежби за тој дел од телото. Затоа користете скали наместо лифт, една од секојдневните активности кои помагаат во затегнувањето на задникот.

Но, не е доволно да се прават вежби само за одредени делови на телото, туку целосно активирање.

Освен стомачни вежби и чучнувања се советува и трчање или одење по нагорнини како и возење велосипед.

vezbi-za-vasiot-tip-na-gradba-2


Песочен часовник

Телото во облик на песочен часовник се смета за идеален облик, заради соодветните мерки. Подразбира тесен струк и пропорционални горен и долен дел на телото.

Типичните претставници на вака извајаната фигура се Бијонсе, Скарлет Јохансон и Хали Бери. Карактеристично за нив е тоа што килограмите им се распределуваат подеднакво на сите делови.

Но, без редовни вежби за затегнување на целото тело, постои ризик за здебелување, особено во делот на бутовите. Се препорачуваат кардио вежбите и тренинзи за зајакнување на телото.

Кардио вежбите подразбираат: зумба, класичен кардио тренинг, пливање или возење велосипед. Кога се во прашање вежбите за зајакнување, особено треба да го затегнете горниот дел на грбот.

vezbi-za-vasiot-tip-na-gradba-3


Атлетска градба

Тесни колкови и широки рамена опишуваат тип на градба како Џесика Бејл. Претставниците на оваа група потешко си наоѓаат костуми за капење, бидејќи се случува долниот дел да им треба помал број, а за горниот дел поголем број.

Затегнување на стомакот и вежби за обликување на бутовите и задникот се одлично дополнување за цврстото тело. Добрата вест е дека овие жени имаат можност за побрзо развивање мускули и симнување на масните наслаги, благодарение на нивниот брз метаболизам.

Се препорачуваат вежби кои не бараат премногу сила и не вклучуваат многу повторувања, како што се: трчање, чучнувања и чекори во место.

vezbi-za-vasiot-tip-na-gradba-4

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg