8 начини да го изострите мозокот

Конценртрацијата во мозокот ви е потребна за многу активности кои мора да ги извршите во текот на денот, затоа е потребно да го одржите здрав. Како?

8-nacini-da-go-izostrite-mozokot-01

Научниците почнаа да наоѓаат начини за тоа. Според последните истражувања се откриле многу корисни работи кои може да почнете да ги применувате.

1. Јадете добро, за да ви функционира добро мозокот

8-nacini-da-go-izostrite-mozokot-1

Експерименталните глувци, врз кои се правени тестирањата, покажале дека многу поспоро излегувале од лавиринтот, ако јаделе храна која содржи високо ниво на шеќер. Но кога во таа храна ќе додадете Омега-3 масни киселини, ефектите на шеќерот се уништени.

2. Поставувајте си предизвици

8-nacini-da-go-izostrite-mozokot-2

Постојаниот ментален предизвик ве тера да размислувате. Искористете ја таа прилика. Кога поврзаноста на невроните е зајакната, тие полесно се користат.

3. Не гледајте – читајте вести!

8-nacini-da-go-izostrite-mozokot-3

Сакате да сте во тек со сите нови случувања? Ако вашиот основен извор на информации е телевизијата, го запоставувате оној дел од мозокот кој е одговорен за читањето. Кога читате ја развивате концентрацијата, која е клучна за здравото стареење на мозокот.

4. Отфрлете ја депресијата

8-nacini-da-go-izostrite-mozokot-4

Пореметувањето на расположението може да настане како резултат на хемискиот дисбаланс на мозокот. Ако веќе не сте заинтересирани за работите кои порано сте ги сакале, прашајте некој кој добро ве познава, дали забележува некоја негативна промена кај вас. Ако е одговорот потврден, посетете лекар, бидејќи губењето интерес за работи кои порано сте ги сакале е главен знак за клиничка депресија. Вежбајте, тоа ќе ви помогне да ја вратите хемиската рамнотежа во мозокот.


5. Истражете дали вашата послаба меморија е нормална за вашите години

8-nacini-da-go-izostrite-mozokot-8

Хипокампус, делот од мозокот кој е одговорен за меморијата, побрзо старее од останатите делови во мозокот. Споредете го своето помнење со помнењето на другите луѓе на ваша возраст. Ако не се сеќавате каде сте се паркирале, а сите останати се сеќаваат, тоа може да биде проблем. Но, ако сите кои се на иста возраст со вас мораат да го запишат, наместо да го запомнат телефонскиот број, тогаш не грижете се.

6. Движете се за да имате подобро помнење

8-nacini-da-go-izostrite-mozokot-5

Една студија од 2011 година открила дека стриатумот, делот од мозокот за кој се верува дека управува со мозокот, е поголем кај кошаркарите отколку кај оние кои се занимаваат со некоја активност еднаш неделно. Редовното одење на аеробик може да го зголеми хипокампусот кај возрасен човек за 2 отсто.

7. Правете вежби за зајакнување

8-nacini-da-go-izostrite-mozokot-6

Ако трипати неделно по еден час трошите на вежби за зајакнување, можете да ја подобрите краткотрајната и долготрајната меморија и концентрација. Фокусирањето на различни начини за подигнување и различните вежби за зацврстување претставуваат предизвик кој вежбите кои се еднолични и се повторуваат (на пр. трчање) не можат да ви го овозможат.

8. Пијте кафе

8-nacini-da-go-izostrite-mozokot-7

Не го прескокнувајте кафето. Кофеинот ќе ви ја зачува меморијата и ќе ви ја подобри концентрацијата. Внимавајте да го испиете кафето 30 минути пред да ви е потребно зајакнување на концентрацијата. Не дозволувјте да паднете под нивото. Ефектот може да трае и до 6 часа, но истражувачите претпоставуваат дека дозата над 4-5 кафиња дневно, може да има несакан, спротивен ефект и да ги намали вашите когнитивни способности.

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg