Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одговори на прашања што (веројатно) ви е срам да му ги поставите на гинекологот

Дали да го презакажете прегледот ако имате менструација и дали треба да се избричите или издепилирате пред преглед – одговори на „непријатни“ прашања што можеби ви е срам да му ги поставите на гинекологот.

odgovori-na-prashanja-shto-verojatno-vi-e-sram-da-mu-gi-postavite-na-ginekologot-001.jpg

Иако гинеколозите се експерти за женското репродуктивно здравје, уште постои стигма за оваа тема, па можно е да чувствувате срам за некои работи.

Важно е да знаете дека вашиот гинеколог никогаш нема да ве осудува и е подготвен да одговори на секое ваше прашање, колку и вам да ви звучи срамно или непријатно.

Сепак, во продолжение можете да ги погледнете одговорите на дел од прашањата кои на жените обично им е срам да ги постават:

„Нервозна сум бидејќи ќе треба да се соблечам пред гинекологот. Како да се опуштам?“

Сосема нормално е да се чувствувате непријатно и да ви биде срам бидејќи сепак не е лесно да се соблечете пред некого, вклучувајќи и доктор.

За да се опуштите, потсетете се на фактот дека вашиот гинеколог видел бројни пациентки пред вас и дека вашиот преглед е само рутина за него или неа.

Слободно одете кај женски гинеколог ако сметате дека така ќе ви биде попријатно, а можете и да разговарате со гинекологот пред да се соблечете.

Речете му да ви каже како ќе се одвива прегледот и кога ќе знаете што ќе следи, ќе ви биде полесно да се опуштите.

odgovori-na-prashanja-shto-verojatno-vi-e-sram-da-mu-gi-postavite-na-ginekologot-02.jpg

„Имам менструација. Дали да го презакажам прегледот?“

Најпрво, воопшто не треба да ви биде срам од менструацијата бидејќи тоа е сосема нормален процес.

Главно на гинеколозите не им пречи ако имате менструација, но таа може да влијае врз резултатите од некои тестирања, како ПАП.

Сепак, ова не значи дека треба да го одложите прегледот особено ако имате некаков проблем.

Само кажете му на гинекологот дека имате менструација, па доколку треба да се направи преглед или тестирање за кое менструацијата пречи, тој ќе ви закаже уште еден преглед подоцна.

„Треба ли да се бричам/депилирам пред да одам на гинеколог?“

Ова зависи само од вас – ако сметате дека ќе се чувствувате непријатно, тогаш слободно избричете се пред преглед.

На гинекологот не му е важно дали имате влакна „таму долу“.

odgovori-na-prashanja-shto-verojatno-vi-e-sram-da-mu-gi-postavite-na-ginekologot-03.jpg

„Имам многу вагинален исцедок. Дали е нормално?“

Вагиналниот исцедок е сосема нормална појава и неговата густина, текстура и боја зависат од менструалниот циклус.

Ова се должи на хормоналните промени во текот на циклусот.

Исцедокот може да биде со млечнобела боја или проѕирен, додека пред и по менструација може да има потемна боја.

Сепак, ако забележите непријатен мирис или многу обилен исцедок кој не е вообичаен за вас, немојте да криете од гинекологот.

odgovori-na-prashanja-shto-verojatno-vi-e-sram-da-mu-gi-postavite-na-ginekologot-04.jpg

„Може ли да имам секс за време на бременост?“

Сексот за време на бременост е безбеден, освен ако гинекологот не ви каже дека треба да се воздржувате поради некаков ризик.

Сепак, доколку чувствувате болка или забележите крвавење за време на секс, тогаш мора да разговарате со гинеколог за дали е безбедно да имате односи.

„Колку долго треба да чекам за да направам тест за бременост?“

Обично првиот знак за бременост е доцнење на менструацијата.

Ако сте имале незаштитен однос или се сомневате дека контрацепцијата не функционирала, немојте веднаш да правите тест бидејќи може да добиете погрешен резултат.

Најдобро е да почекате шест денови од датумот кога требало да добиете менструација.

Ако добиете позитивен резултат, важно е да направите тестирање и на гинеколог кој ќе ја потврди бременоста.

odgovori-na-prashanja-shto-verojatno-vi-e-sram-da-mu-gi-postavite-na-ginekologot-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
8 медицински лаги во кои не треба да верувате, според доктори Не треба да ја прекинете терапијата што ви ја препишал лекар ако се чувствувате ...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои мажите не треба да ги кријат Прекумерното потење, но и еректилната дисфункција можат да бидат знак за проблем...
Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување? Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде нависти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg