8 медицински лаги во кои не треба да верувате, според доктори
Не треба да ја прекинете терапијата што ви ја препишал лекар ако се чувствувате подобро – чекајте лекарот да ви каже кога да ја прекинете.
Благодарение на интернетот, лажните информации за што било се шират побрзо од кога било.
А, можеби најмногу лаги и митови се споделуваат за здравјето.
Проблемот е што овие митови некогаш можат да ви го загрозат и животот ако им верувате слепо, без да се консултирате со експерт.
На онлајн форуми, неколку лекари споделуваат кои се најчестите медицински лаги во кои не треба да веруваме.
Дел од нив во продолжение:
„За бремените жени, пукањето на воденикот многу ретко изгледа како во филмовите. Повеќето жени немаат локва вода.
Можно е да го почувствувате пукањето, а може и не, може прво да си помислите дека сте уринирале и може да почувствувате контракција“.
„Кога имате трансфузија, во вашата рака нема метална игла, туку тенок, флексибилен пластичен катетер.
Па, ако ја придвижите раката, нема да ви ги оштети вените или кожата“.
„Читањето со слаба светлина нема да ви го оштети видот и нема влијание врз самото око.
Можно е да чувствувате неудобност и напрегање на очите, но нема долгорочен проблем“.
„Доктор сум и морам да го нагласам ова – секогаш побарајте второ или трето мислење кога ќе ви биде соопштена сериозна дијагноза или дијагноза за која треба операција“.
„Не престанувајте дa ја пиете терапијата само затоа што се чувствувате подобро. Ова важи за сите лекови – антибиотици, лекови за ментално состојби, лекови за крвен притисок…
Се чувствувате бидејќи терапијата функционира. Покрај тоа, многу лекови не треба да престанете да ги пиете одеднаш бидејќи има несакани ефекти. Слушајте ја препораката на вашиот лекар“.
„Менталните болести сепак се болести. Не плашете се да побарате помош за нив кога имате потреба.
Многу луѓе со години страдаат од депресија и анксиозност само затоа што не бараат помош“.
„Не треба да лекувате настинки со антибиотици. Антибиотиците се за бактериски инфекции, додека настинката е предизвикана од вирус“.
„Пукањето на прстите нема да ви предизвика артритис“.
Спирова С. | Црнобело