7 (одвратни) причини зошто почесто да ги менувате пижамите
Појава на мозолчиња и акни, но и зголемен ризик од инфекција од бактериите кои се наталожиле на пижамите…
Препорачливо е да не носите исти пижами подолго од 3-4 ноќи.
Ако, пак, имате проблем со ноќно потење, тогаш е препорачливо да ги менувате пижамите и секоја вечер.
Некои анкети покажале дека, во просек, луѓето спијат со исти пижами и повеќе од една недела.
Но, ова не е препорачливо од хигиенски и здравствени причини.
7 причини зошто да ги менувате пижамите почесто од еднаш неделно:
Инфекции со стафилокока
Повеќето луѓе имаат многу мало количество од бактеријата стафилокока и тоа е нормално.
Но, кога ги носите истите пижами цела недела, па и подолго, бактеријата ќе почне да се таложи на самите пижами и да се размножува.
Ако, пак, дојде во контакт со рана на вашето тело, може да заврши и организмот и да ви создаде проблеми.
Перењето на пижамите ги уништува овие бактерии, па редовното менување ви го штити здравјето.
Мозолчиња и акни
На пижамите може да се акумулираат мртви кожни клетки, како и нечистотии од кожата.
Сето ова, пак, може да го зголеми ризикот од појава на акни и мозолчиња по целото тело, особено ако имате чувствителна кожа.
Прашински грини
Таканаречените прашински грини се минијатурни инсекти кои се наоѓаат во сечиј дом, а омилена храна им е мртвата кожа.
Поради ова, може да се најдат и на креветот и пижамите.
Ако не ги перете пижамите редовно, грините ќе се акумулираат на нив, а можат да ви создадат и низа симптоми како отежнато дишење, кашлица, затнат нос…