7 (одвратни) причини зошто почесто да ги менувате пижамите
Непријатен мирис
Не е важно дали се туширате секоја вечер – штом ги носите истите пижами цела недела, па и повеќе, ќе се соочите со непријатен мирис.
Пижамите ја апсорбираат целта пот од текот на ноќта, заедно со маслата што ги лачи кожата, и сето ова води до непријатен мирис.
А, мирисот може да остане и на вашата кожа.
Проблеми со спиење
Валканите пижами, полни со бактерии, може да предизвикаат и реакции на кожата, како чешање, што, пак ќе ве држи будни навечер.
Алергии
Ако сте алергични на прашина, нечистите пижами можат да ви ги влошат симптомите.
Истото важи и за оние кои страдаат од астма или други респираторни болести – овие нарушувања неретко се влошуваат навечер, а валканите пижами дополнително ќе го отежнат проблемот.
Куп други бактерии
Не можете да знаете какви сè бактерии има на пижамите, но сигурно сте свесни дека се многу.
Иако главно бактериите на нашето тело се безопасни за нас, кога ќе почнат да се таложат во големи количества на пижамите, можат да претставуваат проблем за нашето здравје.
Спирова С. | Црнобело