Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат?

Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во друг вид клетки и токму ова ги прави особено важни во медицината.

shto-se-matichni-kletki-zoshto-se-vazhni-i-vo-koi-delovi-od-teloto-se-naogjaat-01.jpg

Матични клетки е термин што го сретнуваме доста често.

Истражувања и третмани, па и сочувување матични клетки при породување, се работи што сме ги слушнале сите.

Но, знаете ли што точно се матичните клетки и што ги прави уникатни, а со тоа и важни?

Што се матични клетки?

Матичните клетки можат да се претворат во други видови клетки и се единствениот вид во нашето тело што го може ова.

Постојат две функции што се уникатни за матичните клетки.

Најпрво, покрај тоа што се размножуваат, тие можат и да се обновуваат.

За разлика од нив, „обичните“ клетки иако се размножуваат, имаат ограничен животен век.

Покрај тоа, матичните клетки можат да се развијат во друг вид клетки, како крвни, коскени или мускулни.

Всушност, тие можат да создадат над 200 видови други клетки кои се неопходни за нашиот организам.

Истовремено, имаат способност да помогнат во закрепнувањето на оштетените ткива во организмот.

shto-se-matichni-kletki-zoshto-se-vazhni-i-vo-koi-delovi-od-teloto-se-naogjaat-05.JPG

Зошто се важни матичните клетки?

Покрај функциите што ги спомнавме погоре, матичните клетки се особено важни при медицинските истражувања.

Најпрво, тие ни помагаат да сфатиме како настануваат одредени болести.

Исто така, се прават истражувања за тоа како можеме да користиме матични клетки за обновување на оштетен дел од телото – на пример, кај жртви на пожар со изгорена кожа.

Научниците ги користат матичните клетки и во истражувања за нови лекови и третмани за разни болести, односно со нивна помош утврдуваат дали се безбедни за луѓето.

shto-se-matichni-kletki-zoshto-se-vazhni-i-vo-koi-delovi-od-teloto-se-naogjaat-06.JPG

Видови матични клетки (и каде се наоѓаат во телото)

Најпознат извор на матични клетки, за кој веруваме дека сте слушнале, е папочната врвца.

Возрасните луѓе имаат матични клетки во повеќе делови од телото, вклучувајќи ја коскената срж, мозокот, крвните садови, кожата и срцето.

За разлика од матичните клетки во папочната врвца, бројот на овие клетки кај возрасни луѓе е многу мал.

Експертите имаат разни класификации за матичните клетки – некогаш во зависност од нивната функција, а некогаш од нивниот извор.

shto-se-matichni-kletki-zoshto-se-vazhni-i-vo-koi-delovi-od-teloto-se-naogjaat-02.JPG

За јавноста, најпозната е класификацијата според нивниот извор:

Матични клетки кои потекнуваат од крв од папочна врвца, или ембрион (создаден со асистирано оплодување). Овие клетки имаат моќ да се претворат во која било клетка.

Матични клетки кои можат да се претворат само во клетки од областа во којашто се наоѓаат. На пример, матичните клетки во коскената срж можат да направат крвни клетки, но не и мускулни клетки.

Ова е видот матични клетки кој се наоѓа во организмот на возрасните.

Лабораториски произведени матични клетки кои се најслични со матичните клетки од ембриони и кои се користат за истражувања.

shto-se-matichni-kletki-zoshto-se-vazhni-i-vo-koi-delovi-od-teloto-se-naogjaat-04.JPG

За какви болести се користат матичните клетки?

Постојат разни начини на кои медицинските експерти ги користат матичните клетки.

На пример, постои трансплантација на матични клетки со која се заменуваат матичните клетки во коскената срж.

Со оваа трансплантација може да се лекуваат некои видови рак на крвта, како леукемија.

За ваквите третмани се користат матични клетки од возрасни донори.

shto-se-matichni-kletki-zoshto-se-vazhni-i-vo-koi-delovi-od-teloto-se-naogjaat-03.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg