Зошто се чувствувате анксиозно и депресивно во недела и како да си помогнете?

Размислете дали постои конкретен проблем што ви предизвикува анксиозни и депресивни чувства и кога сте во можност, направете го понеделник поопуштен работен ден.

zoshto-se-chuvstvuvate-anksiozno-i-depresivno-vo-nedela-i-kako-da-si-pomognete-01.jpg

Ако работите од понеделник до петок, а викендот ви е слободен, сигурно барем еднаш сте се почувствувале депресивно и анксиозно во недела.

Недела значи дека викендот е при крај, а со тоа и вашето слободно време и следниот ден ќе морате на работа.

Ако ова чувство е повремено, можете да направите некои промени во секојдневието кои ќе ви бидат од помош.

Но, ако ова се случува секоја недела, без исклучоци, а симптомите на депресија и анксиозност се изразени, можеби е добро да се консултирате и со експерт

Во ваквите ситуации, можно е да постои друг проблем, како депресија, незадоволство од работното место, осаменост, изложеност на многу стрес…

Како да се справите со депресијата и анксиозноста во недела?

Направете саморефлексија

Ако секоја недела се чувствувате депресивно и анксиозно, тогаш ова може да биде знак дека треба да промените нешто.

Запрашајте се дали има нешто конкретно што прави да се чувствувате така – дали самото работно место или можеби некој колега.

Дали има некој друг проблем кој го потиснувате, но сепак ви создава немир?

zoshto-se-chuvstvuvate-anksiozno-i-depresivno-vo-nedela-i-kako-da-si-pomognete008.JPG

Променете го начинот на размислување

Пробајте да не ја гледате недела како ден кој го означува крајот на викендот.

Наместо тоа, гледајте ја како ден за можности.

Целиот ден сепак ви е слободен, а ви дава и време да се подготвите за новата седмица.

А, со новата седмица доаѓаат и нови можности.

Генерално, пробајте да си го промените мислењето за овој ден.

Направете подготовки уште во петок

За да не бидете под стрес за време на викендот, особено во недела, подгответе се уште во петок.

Одберете што ќе носите на работа, довршете ги запоставени обврски, направете план за следната недела…

На овој начин, нема да паничите кога ќе наближи понеделник бидејќи ќе се чувствувате поподготвено.

zoshto-se-chuvstvuvate-anksiozno-i-depresivno-vo-nedela-i-kako-da-si-pomognete-03.JPG

Направете план за во недела

Размислете во кој период од денот најчесто ви се јавуваат лошите чувства и мисли, па за тогаш испланирајте нешто забавно.

Немојте така да седите дома бидејќи негативните мисли сигурно ќе ве надвладеат.

Пополнете си го времето со читање, шетање, филм, видеоигра… Што било што ви причинува задоволство и што ќе помогне да се релаксирате.

zoshto-se-chuvstvuvate-anksiozno-i-depresivno-vo-nedela-i-kako-da-si-pomognete-04.JPG

Создадете рутина

Кај некои луѓе, анксиозноста се јавува бидејќи немаат рутина.

Ако и вам ви треба рутина, тогаш воспоставете ја и за во недела, не само за работните денови.

Направете си листа со задачи, но повеќето нека се фокусираат на грижата за себе, како топла купка.

Не се изолирајте

Некогаш и осаменоста може да биде причина за чувство на анксиозност и депресија.

Дружбата со некој пријател сигурно ќе ви помогне да си ги оттргнете мислите.

zoshto-se-chuvstvuvate-anksiozno-i-depresivno-vo-nedela-i-kako-da-si-pomognete-05.JPG

Не се форсирајте во понеделник

Неретко, луѓето се под стрес во недела бидејќи знаат дека ги очекува напорен понеделник.

Па, секогаш кога можете, направете го понеделник поопуштен ден на работа.

zoshto-se-chuvstvuvate-anksiozno-i-depresivno-vo-nedela-i-kako-da-si-pomognete-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg