Знаци дека имате висок шеќер во крвта (и не смеете да ги игнорирате)

Ако постојано сте жедни, уринирате почесто, имате заматен вид и главоболки, не чекајте, веднаш обратете се кај вашиот лекар, зашто може да станува збор за неконтролирано покачен шеќер во крвта.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-visok-shekjer-vo-krvta-i-ne-smeete-da-gi-ignorirate-01.jpg

Неконтролираниот шеќер во крвта може да направи многу проблеми со здравјето кои, доколку не се третираат, во многу случаи може да прераснат во нешто посериозно.

Секогаш е важно да се храните правилно и здраво, а особено да бидете внимателни со исхраната ако знаете дека имате покачен шеќер во крвта или сте склони кон тоа.

9 знаци кои укажуваат дека имате покачен шеќер во крвта:

Премногу сте жедни и уринирате повеќе од вообичаено

Ако имате потреба да пиете повеќе вода од вообичаено, тогаш тоа може да биде знак за покачен шеќер во крвта.

Исто така, прекумерното мокрење се јавува кога гликозата се акумулира во крвта, а бубрезите почнуваат да работат понапорно, за да се ослободат од дополнителната гликоза.

Во такви случаи може да дехидрирате и да чувствувате вртоглавици.

Погладни сте од вообичаено, ама слабеете

Многу луѓе со неконтролирано висок шеќер во крвта се погладни од вообичаено, но слабеат.

Покрај промените во тежината и апетитот, може да почувствувате и слабост во мускулите.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-visok-shekjer-vo-krvta-i-ne-smeete-da-gi-ignorirate-02.jpg

Постојано се чувствувате уморни

Кога во телото нема доволно количество инсулин и шеќерот не може правилно да се користи како извор на енергија, тогаш се појавува екстремен замор, како еден од симптомите за покачен шеќер во крвта.

Имате заматен вид и чести главоболки

Доколку забележите дека видот не ви е толку јасен како порано и се мачите да се фокусирате на нешто, имате тешкотии со возењето и страдате од чести главоболки, тогаш ова може да е последица од покачен шеќер во крвта.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-visok-shekjer-vo-krvta-i-ne-smeete-da-gi-ignorirate-03.jpg

Раните ви зараснуваат побавно од вообичаено

Исекотините, гребнатинките и модринките зараснуваат побавно доколку имате висок шеќер во крвта.

Дијабетесот предизвикува оштетување на нервите и влијае на циркулацијата, особено во долниот дел на нозете и стапалата, што може да го одложи заздравувањето, бидејќи нема доволно проток на крв во тие места.

Забележувате трнење и вкочанетост во рацете или стапалата

Неконтролираниот шеќер во крвта може да предизвика оштетување на нервите, а може да забележите чувство на пецкање, па дури и вкочанетост во рацете и нозете.

Некои луѓе чувствуваат болка во рацете и стапалата, а болката често е полоша во ноќните часови.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-visok-shekjer-vo-krvta-i-ne-smeete-da-gi-ignorirate-04.jpg

Развивате плускавици, сувост или други промени на кожата

Плускавици, сувост, чешање, промена на бојата и абнормалности на кожата може да бидат предупредувачки знаци за висок шеќер во крвта.

Добивате габични инфекции почесто од вообичаено

Хипергликемијата може да направи да добивате почести генитални габични инфекции.

Кај жените, симптомите може да вклучуваат вагинално чешање, црвенило или болка, болка за време на сексуален однос, болка или непријатност за време на мокрењето и густ, абнормален вагинален исцедок.

Имањето повеќе гликоза во крвта ве става на поголем ризик од вакви инфекции.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-visok-shekjer-vo-krvta-i-ne-smeete-da-gi-ignorirate-05.jpg

Отечени или крвави непца кои го зголемуваат ризикот од инфекција

Вашата плунка содржи гликоза и колку повеќе има, толку повеќе ќе се хранат бактериите и поверојатно е да добиете болести на непцата.

Симптомите може да вклучуваат црвени или воспалени непца, а ако не се решат, тоа може да предизвика појава на гној, па дури и опаѓање на забите.

Ако забележувате какви било симптоми кои асоцираат на неконтролирано висок шеќер во крвта, уште веднаш јавете се кај вашиот матичен лекар за да ги направите неопходните испитувања со цел да добиете понатамошни инструкции за ваше лекување.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg