Се пренесуваат преку допир и преку воздух – Што знаеме за новиот сој мајмунски сипаници и дали постои опасност од пандемија?

Мајмунските сипаници не се пренесуваат само преку сексуални односи, туку и преку воздухот. Во Шведска е регистриран првиот случај на заболено лице од новиот опасен сој на вирусот, но тамошните власти предупредуваат дека не постои простор за паника.

se-prenesuva-preku-dopir-i-preku-vozduh-shto-znaeme-za-noviot-soj-majmunski-sipanici-i-dali-postoi-opasnost-od-pandemija-01.jpg

Во средата (14.08) Светската здравствена организација излезе со соопштение во кое прогласи вонредна состојба во Африка.

Според соопштението, новиот поопасен сој на мајмунски сипаници масовно се шири низ Африка и наскоро би можел да биде забележан и надвор од границите на континентот.

Годинава, во Африка биле регистрирани повеќе од 14.000 заболени лица и 524 смртни случаи од мајмунски сипаници.

se-prenesuva-preku-dopir-i-preku-vozduh-shto-znaeme-za-noviot-soj-majmunski-sipanici-i-dali-postoi-opasnost-od-pandemija-02_copy.jpg

Досега, повеќе од 96 отсто од смртните случаи се во Конго, а лекарите и научниците од Светската здравствена организација стравуваат дека новиот сој на болеста наречен Clade 1b е многу позаразен и полесно се шири меѓу луѓето.

Еден ден по предупредувањата на Светската здравствена организација, во Шведска бил регистриран првиот случај на лице заболено од мајмунски сипаници.

Тамошните здравствени работници велат дека станува збор за истиот сој на вирус кој бил проширен во Конго, а ова воедно е прв ваков случај на заболување надвор од границите на Африка.

„Лицето коешто е заболено било во посета на места во Африка, каде што има голем број регистрирани случаи на заболени од оваа болест“ – соопштија здравствените власти во Шведска.

se-prenesuva-preku-dopir-i-preku-vozduh-shto-znaeme-za-noviot-soj-majmunski-sipanici-i-dali-postoi-opasnost-od-pandemija-03.jpg

Оттаму велат дека засега нема простор за паника новиот опасен сој на вирусот да се рашири на останатото население, а нагласуваат дека земјата има можност да му пружа здравствена помош на изолираниот случај кој е заболен од оваа болест.

„Фактот што пациентот со мајмунски сипаници се лекува во нашата земја, не значи дека постои ризик за целото население. Според Европскиот центар за превенција на зарази, се смета дека ризикот е мошне низок“ – се вели во соопштението објавено во AFP.

se-prenesuva-preku-dopir-i-preku-vozduh-shto-znaeme-za-noviot-soj-majmunski-sipanici-i-dali-postoi-opasnost-od-pandemija-05.jpg

Според светската новинска агенција, прогласувањето на вонредна состојба во Африка било со цел да се соберат што е можно повеќе донации за да се интервенира во земјите што во моментов се најзагрозени.

Што се мајмунски сипаници?

Болеста за првпат била забележана во 1958-ма година кога голем број лица почнале да се јавуваат со исип на телото што наликува на сипаници кај мајмуните.

Сè до неодамна, најголемиот број на лица заболени од болеста биле забележани во Централна и Западна Африка и тоа кај лица што имале близок контакт со заболени мајмуни.

Во 2022-ра година, кога имаше епидемија на поблагиот сој на мајмунските сипаници, било потврдено дека вирусот се пренесува преку секс, откако беа забележани заболени лица во повеќе од 70 земји низ светот.

Првично беше соопштено дека болеста била забележана само кај бисексуалци, хомосексуалци и мажи што имаат секс со други мажи, но потоа било утврдено дека се пренесува и на други начини.

Болеста освен преку секс, може да се прошири и преку допир или преку воздух, доколку се наоѓате во близина на заболено лице.

Затоа во 2022 СЗО предупреди луѓето во земјите каде што беа регистрирани случаите, да бидат особено внимателни при комуникацијата со сите оние што би можеле да бидат блиски или да имаат контакт со таргетираната група.

Оттука болеста не може да ја пренесуваат само мажи, туку и жени.

Болеста предизвикува симптоми слични на настинка, со покачена температура, отечени лимфни јазли, главоболки и болки во мускулите, а е препознатлива по формирањето на исипот на кожа, кој наликува на обични сипаници кои се значително покрупни.

se-prenesuva-preku-dopir-i-preku-vozduh-shto-znaeme-za-noviot-soj-majmunski-sipanici-i-dali-postoi-opasnost-od-pandemija-06.jpg

Како може да се спречи ширењето на болеста?

По првото проширување на болеста во 2022-ра година, болеста брзо беше сузбиена благодарение на вакцините и превентивните мерки што беа преземени.

Но, проблемот е што во Африка нема ниту вакцини, ниту основи лекови за третман на болните.

СЗО побара поголемо ангажирање за да се обезбедат доволно вакцини за да се заштитат граѓаните што се во најголем ризик во Африка.

se-prenesuva-preku-dopir-i-preku-vozduh-shto-znaeme-za-noviot-soj-majmunski-sipanici-i-dali-postoi-opasnost-od-pandemija-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg