Анална фисура - што ја предизвикува и како се лечи оваа непријатна состојба?

За отстранување на фисурата потребна е операција, но постојат начини со кои може да се одржува и во безболна состојба.

analna-fisura-shto-ja-predizvikuva-i-kako-se-lechi-ovaa-neprijatna-sostojba-01.jpg

Аналната фисура може да биде мошне болна и непријатна. Иако можеби ви е непријатно да разговарате со лекар за ваков проблем, не треба да го игнорирате и важно е да го третирате.

Обично аналната фисура е резултат на инфекција која не била соодветно третирана.

Фисурата е хронична појава, па сепак ќе ви треба операција за нејзино отстранување, но можно е да се одржува и во безболна состојба.

analna-fisura-shto-ja-predizvikuva-i-kako-se-lechi-ovaa-neprijatna-sostojba-05.jpg

Зошто се појавува анална фисура?

Внатре во анусот има неколку жлезди кои произведуваат течност, кои понекогаш се блокираат или затнуваат. 

Кога тоа ќе се случи, акумулацијата на бактерии може да создаде отечен џеб или, со други зборови, апсцес.

Ако апсцесот не се третира правилно или воопшто, тој ќе порасне и на крајот ќе избие и ќе направи дупка во кожата некаде во близина на вашиот анус за да може да се исцеди наталожувањето од внатре. 

Во повеќето случаи, апсцесот предизвикува фисура, а поретко таа произлегуваат од други проблеми со здравјето како што е туберкулоза, сексуално преносливи болести или трајна болест која влијае на вашите црева.

analna-fisura-shto-ja-predizvikuva-i-kako-se-lechi-ovaa-neprijatna-sostojba-04.jpg

Симптоми на анална фисура

Воспалението на аналните жлезди е многу болно и непријатно и се јавува ненадејно, а е придружено со овие најчести симптоми:

  • болка во пределот на аналниот отвор;
  • отекување во областа на аналниот отвор;
  • крвавење;
  • болно мокрење или празнење на дебелото црево;
  • треска и висока температура;
  • чешање и црвенило околу аналниот отвор;
  • секрети со непријатен мирис.

analna-fisura-shto-ja-predizvikuva-i-kako-se-lechi-ovaa-neprijatna-sostojba-02.jpg

Лекување на аналната фисура

Лекарот може да ја утврди дијагнозата по ректален преглед, проктоскопија или ултразвук на абдоменот. 

За жал, не постојат лекови кои можат да ја излечат аналната фисура, бидејќи тоа е обично хронична состојба која може да се одржува безболна со правилна исхрана и здрав животниот стил. 

Констипацијата и тврдата столица може да ја влошат состојбата на аналната фисура, па затоа е важно да јадете храна богата со растителни влакна, да пиете многу вода, да се движите и да избегнувате мрсна и зачинета храна.

За трајно да се ослободите од аналната фисура, потребна е операција. 

Се изведува под локална анестезија, а процедурата трае кратко. 

analna-fisura-shto-ja-predizvikuva-i-kako-se-lechi-ovaa-neprijatna-sostojba-03.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com, pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg