Аденовирус кај деца: Како се пренесува, кои се симптомите и како се третира?

Инфекцијата со аденовирус може да се појави кај дете на која било возраст. Децата на возраст од 6 месеци до 2 години имаат поголема веројатност да се заразат со вирусот.

adenovirus-kaj-deca-kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-kako-se-tretira-01.jpg

Аденовирусите се група вируси кои предизвикуваат различни инфекции како што се респираторни заболувања, инфекција на окото, бронхиолитис, пневмонија...

Кај децата, аденовирусите најчесто предизвикуваат инфекции на респираторниот систем, но предизвикуваат и инфекции на дигестивниот тракт.

Респираторните инфекции се најчести кон крајот на зимата, пролетта и почетокот на летото. Но, треба да се има предвид дека овие инфекции може да се појават во секое време во текот на годината.

Што го предизвикува аденовирусот кај децата?

Инфекцијата кај децата е предизвикана од еден од групата на аденовируси.

Ова се најчестите начини на кои вирусите се пренесуваат од дете на дете:

Респираторна инфекција. Течноста од носот, устата, грлото и белите дробови може да го содржи вирусот. Респираторните инфекции се шират кога некој кој е носител на вирусот ќе кашла или кива во друго лице.

Може да се пренесе и со допирање предмет што е контаминиран од вирусот. Тој може да живее многу часови и на кваки, играчки…

Инфекција на дигестивниот тракт. Оваа форма на вирусот се шири со фекално-орален пренос. Ова најчесто се случува поради тоа што детето не ги миело правилно или доволно често своите раце.

Може да биде предизвикана и од јадење или пиење контаминирана храна или вода.

adenovirus-kaj-deca-kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-kako-se-tretira-02.jpg

Кои деца се изложени на ризик од инфекција со аденовирус?

Инфекцијата со аденовирус може да се појави кај дете на која било возраст. Децата на возраст од 6 месеци до 2 години имаат поголема веројатност да се заразат со вирусот.

Аденовирусните инфекции на дигестивниот тракт, пак, се почести кај децата на возраст под 5 години.

adenovirus-kaj-deca-kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-kako-se-tretira-03.jpg

Кои се симптомите на инфекција со аденовирус?

Повеќето аденовирусни инфекции се благи и со малку симптоми, но сепак, секое дете е различно. Симптомите на респираторни инфекции може да започнат 2 до 14 дена по изложувањето на вирусот.

Тие може да вклучуваат:

  • Течење на носот
  • Воспалено грло
  • Треска
  • Тешка кашлица
  • Отечени лимфни јазли
  • Главоболка

Симптомите на инфекција на дигестивниот тракт може да започнат 3 до 10 дена по изложувањето на вирусот.

Тие вклучуваат:

  • Течна столица која започнува ненадејно
  • Треска
  • Болка во стомакот
  • Повраќање

Симптомите на аденовирусните инфекции може да бидат исти или слични на други здравствени состојби. Затоа, секогаш е најдобро да се консултирате со вашиот лекар.

adenovirus-kaj-deca-kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-kako-se-tretira-04.jpg

Како се третираат аденовирусните инфекции кај децата?

Третманот ќе зависи од симптомите на детето, возраста и општата здравствена состојба. Во вакви третмани не се користат антибиотици.

Третманот за респираторна инфекција со аденовирус може да вклучува:

Повеќе течности. Многу е важно да му нудите на детето да пие многу течности. Доколку е потребно, се даваат и електролити.

Бронходилататорни лекови. Тие може да се користат за отворање на дишните патишта на детето, а најчесто се даваат преку инхалатор.

Дополнителен кислород. Ова се користи кај дете кое има потешки симптоми.

adenovirus-kaj-deca-kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-kako-se-tretira-06.jpg

Третманот за дигестивна инфекција со аденовирус вклучува:

Орална рехидратација. Оралната рехидратација со вода, млеко или други течности што содржат електролити е особено важна. Не користете сокови или спортски пијалаци за рехидратација на многу мали деца.

Цврста храна која е дозволена. Консултирајте се со вашиот лекар за тоа која храна е најдобро да ја давате во ваква ситуација.

Не преземајте ништо на своја рака и секогаш разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви ги даде понатамошните инструкции.

adenovirus-kaj-deca-kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-kako-se-tretira-07.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете? Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го вн...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg