Ротавирус кај деца: Кои се симптомите и колку е опасен?

Ротавирусот многу лесно се пренесува и може да преживее неколку часа на неизмиени раце. Затоа, хигиената е клучна за да се спречи неговото ширење.

rotavirus-kaj-deca-koi-se-simptomite-i-kolku-e-opasen-01.jpg

Вирусите се најчести причинители на гастроинтестинални инфекции кај деца на возраст од 6 месеци до 5 години, а еден од нив е и ротавирусот.

Ротавирусите се РНК вируси кои припаѓаат на семејството Reoviridae

Овој вирус го добил своето име по неговиот карактеристичен изглед на тркало кога се гледа под електронски микроскоп (rota на латински значи тркало).

rota-virus-kaj-deca-kako-da-go-prepoznaeme-i-da-gi-zastitime-najmalite-08.jpg

Што треба да знаете за овој вирус, особено ако имате мали деца?

Симптоми

Главните симптоми на болеста се треска, гадење, болки во стомакот, повраќање и дијареја кои во зависност од интензитетот може да доведат до дехидрација. 

Се разбира, не мора сите деца да ги имаат сите симптоми, а сериозноста на симптомите исто така варира. 

Некои може да поминат со поблага клиничка слика - на пример, доените деца кои се заштитени со антителата на мајката. 

Времетраењето на болеста е променливо, од неколку дена до 2 недели, а периодот на инкубација е од 12 часа до 4 дена.

rota-virus-kaj-deca-kako-da-go-prepoznaeme-i-da-gi-zastitime-najmalite-07.jpg

Како се пренесува и колку е заразен?

Вирусот е многу лесно пренослив и многу заразен

Причината е тоа е што за инфекција е потребна само мала количина вирус, а начинот на пренесување е повеќекратен: преку валкани раце и уста, и преку капки

Најчесто децата се разболуваат од овој вирус во зимскиот период.

Вирусот може да преживее неколку часа на неизмиени раце, а уште подолго на контаминирани предмети и во храна. 

Кога вирусот ќе влезе во телото, тој се размножува во тенкото црево, предизвикува непријатност и се излачува во столицата. 

Затоа, исклучително е важно да се внимава на хигиената на рацете и облеката, како и на сите површини и играчки кои го опкружуваат детето за да се спречи ширење на инфекцијата. 

Но, поради високата заразност и можноста за пренос преку капки, дури и високо ниво на хигиена не може целосно да го искорени вирусот.

По болеста, имунитетот ослабува, па детето може повторно да се разболи, но клиничката слика тогаш е полесна. 

rota-virus-kaj-deca-kako-da-go-prepoznaeme-i-da-gi-zastitime-najmalite-03_copy.jpg

Колку е опасен овој вирус?

Заразата со ротавирус може да биде опасна, а во сериозни случаи и да го загрози животот на детето. 

Малите деца полесно дехидрираат, а честото повраќање и дијареја може да доведат до нарушување на електролитната рамнотежа и да дојде до шок.

rota-virus-kaj-deca-kako-da-go-prepoznaeme-i-da-gi-zastitime-najmalite-11_copy.jpg 

Како се лекува?

Болеста поминува сама по себе, односно не постои конкретен лек за неа.

Најважната мерка за време на болеста е да се одржи добрата состојба на детето и да се спречи значителна дехидрација.

Пробиотиците заедно со внесот на течности можат донекаде да го скратат времетраењето на дијарејата. 

Исто така, постои и вакцина за ротавирус за која треба да се консултирате со вашиот лекар.

Доколку вашето дете покажува какви било симптоми на болеста, важно е да се консултирате со лекар кој ќе ви каже како да се справите со симптомите и да ги избегнете компликациите.

rota-virus-kaj-deca-kako-da-go-prepoznaeme-i-da-gi-zastitime-najmalite-09_copy_copy.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg