Аневризма на мозокот - како да ја препознаете и кои се последиците ако пукне?

Премногу силна главоболка е првиот знак за аневрзима на мозокот. На пациент со пукната аневризма му е потребна итна медицинска помош.

anevrizma-na-mozokot-kako-da-ja-prepoznaete-i-koi-se-posledicite-ako-pukne-01.jpg

Мозочната аневризма е проширување на ѕидот на крвните садови во мозокот за најмалку 50% повеќе од нормалниот волумен. 

Често изгледа како ситна црешичка која виси на дршката.

Мозочната аневризма може да истече или пукне, предизвикувајќи крварење во мозокот (хеморагичен мозочен удар).

Пукнатата аневризма на мозокот брзо станува опасна по живот и бара итна медицинска помош.

Сепак, повеќето мозочни аневризми никогаш не пукаат, не предизвикуваат здравствени проблеми или не покажуваат никакви симптоми. 

Аневризмите во мозокот најчесто се дијагностицираат за време на испитувањата за некоја друга болест.

anevrizma-na-mozokot-kako-da-ja-prepoznaete-i-koi-se-posledicite-ako-pukne-10.jpg

Причинители на аневрзими

Мозочните аневризми се развиваат како резултат на разредување и дегенерација на ѕидовите на артеријата.

Аневризмите често се формираат на разгранетите артерии бидејќи тие делови од садовите се послаби.

Иако аневризмите може да се појават каде било во мозокот, тие најчесто се појавуваат во артериите на почетокот на мозокот.

anevrizma-na-mozokot-kako-da-ja-prepoznaete-i-koi-se-posledicite-ako-pukne-08_copy.jpg

Ризик фактори за аневризма на мозокот

Аневризмите се почести кај возрасните отколку кај децата и се почести кај жените отколку кај мажите. 

Некои од факторите се развиваат со текот на времето, додека други се присутни при раѓањето.

Ризик фактори кои се развиваат со текот на времето:

  • старост;
  • пушење;
  • висок крвен притисок;
  • стврднување на артериите (артериосклероза);
  • дрога, особено употреба на кокаин;
  • повреди на главата,
  • прекумерно консумирање алкохол;
  • одредени инфекции на крвта;
  • пониски нивоа на естроген по менопаузата.

Ризик фатори присутни при раѓање:

  • наследни нарушувања на сврзното ткиво, како што е синдромот Елерс-Данлос, кои ги ослабуваат крвните садови;
  • полицистични бубрези;
  • абнормално тесна аорта;
  • семејна историја на аневризма на мозокот, особено на првото колено, како што е родител или брат или сестра.

anevrizma-na-mozokot-kako-da-ja-prepoznaete-i-koi-se-posledicite-ako-pukne-07.jpg

Симптоми на аневризма на мозокот

Пукната аневризма

  • ненадејна и силна главоболка е клучниот симптом на пукната аневризма. 

Оваа главоболка често се опишува како „најлошата главоболка“ што некогаш сте ја доживеале.

Вообичаени знаци и симптоми на пукната аневризма се:

  • ненадејна, исклучително силна главоболка;
  • гадење и повраќање;
  • вкочанет врат;
  • заматен или двоен вид;
  • чувствителност на светлина;
  • опуштени очни капаци;
  • губење на свест;
  • конфузија;
  • покачена телесна температура;
  • епилептичен напад. 

Истечена аневризма

Во некои случаи, аневризмите може да истечат, ослободувајќи мала количина на крв. 

Ова истекување најчесто е проследено со ненадејна, исклучително силна главоболка.  

Непукната аневризма

Непукнатата аневризма на мозокот може да не предизвика никакви симптоми, особено ако е мала.

Сепак, големата непукната аневризма може да ги притиска мозочното ткиво и нервите, а тоа може да предизвика:

  • болка над и зад окото;
  • проширени зеници;
  • промени на видот или двојно гледање;
  • вкочанетост, слабост или парализа на едната страна од лицето;
  • опуштени очни капаци.

anevrizma-na-mozokot-kako-da-ja-prepoznaete-i-koi-se-posledicite-ako-pukne-03_copy.jpg

Кога да посетите доктор?

На пациент со пукната аневризма му е потребна итна медицинска помош. 

Приближно 30% од случаите на пукната аневризма на мозокот имаат фатални последици. 

Побарајте итна медицинска помош ако добиете ненадејна и исклучително силна главоболка.

Во случај да се утврди дека лицето има мала, асимптоматска аневризма, зависи од големината, локацијата, растот на аневризмата и возраста на пациентот, ќе се одлучи дали хируршката интервенција ќе се изврши веднаш или аневризмата ќе се следи некое време.

Конечната терапија е хируршка и вклучува вградување клипови или ендоваскуларна емболизација (со спирален или латекс балон).

anevrizma-na-mozokot-kako-da-ja-prepoznaete-i-koi-se-posledicite-ako-pukne-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Freepik

Би можело да ве интересира:

Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg