Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 25 години и уште сум немала секс, како да му кажам на дечкото?“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-imam-25-godini-i-ushte-sum-nemala-seks-kako-da-mu-kazham-na-dechkoto-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Имам 25 години и уште не сум имала сексуални односи. Се плашам како да го признаам тоа на дечкото со кој се гледам. Што да правам?“

Одговор од психолог Величе Ристова:

Составен дел од специфичноста на секој човек е, секако, сексуалноста.

Развојот на секој човек зависи од задоволувањето на основните човечки потреби, како што се: желбата за контакт, интимност, емоционално изразување, задоволство, нежност и љубов.

Сексуалноста се гради преку интеракцијата помеѓу индивидуалните и социјалните структури, а нејзиниот целосен развој е од суштинско значење за индивидуалната, интерперсоналната и социјалната благосостојба.

Ставот за сексот почнува да се формира уште во детството, односно во голема мера е одреден од воспитувањето, ставот на родителите, како и начинот на кој сме учени и информирани за него.

Сексуалноста се развива во зависност од тоа како родителите или блиските луѓе ги задоволувале нашите потреби кога сме биле деца – потреба за контакт, интимност, нежност, верност, љубов.

Подоцна, се откриваме себеси низ сопствените искуства и сфаќаме што ни годи и што сакаме.

Без себеспознавање и откривање на своето сексуално битие, не можеме да развиваме пат кон автентично водење љубов со партнерот како сексуално интелигентни битија.

Отсуството на сексуално задоволство предизвикува физички и психолошки стрес, кои ќе го нарушат здравјето на поединецот и ќе ги намалат неговите способности и креативност.

Огромен број луѓе патат од хронични сексуални нарушувања, како што се: недостаток на желба, неспособност за постигнување на оргазам, импотенција.

Сексуалните проблеми не ги вклучуваат само луѓето кои се средовечни или паровите кои се 20 години во брак, туку напротив, многу повеќе се застапени помеѓу младата популација.

Несигурноста и стравот дали некому ќе му изгледаме чудно, неупатено или, пак, премногу упатено, ги блокира и потиснува потенцијалите и страста која можеби ја носиме во себе.

Многу често се случува женската популација, односно младите девојки да имаат лош сексуален живот, а тоа се должи на непријатноста да кажат што им се допаѓа.

Сексуалноста е широка и значајна тема за нас луѓето, затоа треба повеќе да се зборува.

- Информираноста и едукацијата на темата, ќе ви помогне за да бидете повеќе самоуверени. А, со текот на сексуалните искуства ќе дознаете што ви се допаѓа, а што не. Така ќе го изградите својот сексуален идентитет.

- Најважна е поврзаноста, довербата и слободната комуникација со партнерот. Доколку се чувствувате блиски и сигурни во својот партнер, опуштете се и не потиснувајте ги своите желби.

Дозволете си хедонизам, според кој највисоката цел во животот е постигнување на лично задоволство и телесно уживање.

- Доколку досега не сте стекнале доверба и не сте успеале да се поврзете со ниту еден партнер, тогаш запрашајте се зошто. Дали тие не биле доволно блиски со вас? Дали вие имате проблем со градење интимни врски?

Доколку се срамите од себе и мислите дека вие имате проблем со својата самодоверба или со воспоставување на интимна врска, тогаш побарајте стручна помош.

Поддршката и насоките од психологот ќе ве охрабрат за да ги надминете стравовите и бариерите во градењето на вашиот сексуален идентитет.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Величе Ристова, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Сите во семејството само ме критикуваат, посакувам да си заминам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Добивам панични напади во гужва и затворен простор – супермаркети... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/ терапевт. На пр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg