Го подобрува расположението и уште 4 придобивки од кромидот

Знаевте ли дека кромидот може да делува како природен антихистамин кај некои луѓе со алергии?

go-podobruva-raspolozhenieto-i-ushte-4-pridobivki-od-kromidot-01.jpg

Повеќето го избегнуваат свежиот кромид кога треба да излегуваат од дома од очигледни причини – кромидот навистина има интензивен мирис.

Но, кромидот е мошне здрава храна која треба почесто да ја консумирате.

Секако, ова не важи за луѓе со многу чувствителен стомак – ако имате какви било дигестивни проблеми, секогаш е добро да се консултирате со лекар пред да го зголемите количеството кромид што го јадете.

Кои се здравствените придобивки од кромидот?

Ја подобрува плодноста

Кромидот има состојка која ја подобрува способноста на сперматозоидите да се движат.

Нормално, ако имате проблеми со плодност, секогаш треба да се консултирате и со специјалист.

go-podobruva-raspolozhenieto-i-ushte-4-pridobivki-od-kromidot-02.jpg

Ги ублажува проблемите со синусите

Кромидот има вид флавоноид кој го намалува воспалението во синусите.

Исто така, свежиот кромид може да делува и како природен антихистамин кај луѓето со алергии.

go-podobruva-raspolozhenieto-i-ushte-4-pridobivki-od-kromidot-03.jpg

Го подобрува расположението

Некои истражувања покажале дека честото консумирање кромид може да го намали ризикот од појава на депресија и да го подобри расположението.

Но, ова не значи дека кромидот е лек за депресија.

Ако имате какви било проблеми со менталното здравје, не ги лекувајте „на своја рака“ и консултирајте со психијатар или психолог.

go-podobruva-raspolozhenieto-i-ushte-4-pridobivki-od-kromidot-04.jpg

Помага при настинки

Во детството, можеби ве терале да јадете кромид за да го зајакнете имунитетот, особено во период на настинки. А, можеби и ве терале да носите чорапи со парчиња кромид кога сте биле настинати.

Додека „лекот“ со чорапите не е докажан, јадењето кромид може да го зајакне имунитетот, а со тоа да го намали ризикот од настинки.

go-podobruva-raspolozhenieto-i-ushte-4-pridobivki-od-kromidot-05.jpg

Помага при ушни инфекции

Кромидот има антибактериски и антивоспалителни својства кои можат да бидат од корист при ушни инфекции.

Постои и народен лек кој се верува дека ја намалува болката.

Треба малку да ја сварите главицата кромид, да ја ставите во чиста крпа и да ја држите крпата до увото пет до десет минути.

Пред да го пробате лекот, добро би било да се консултирате со лекар.

А, доколку чувствувате многу силна болка, тогаш веднаш одете на лекар наместо да експериментирате со домашни лекови.

go-podobruva-raspolozhenieto-i-ushte-4-pridobivki-od-kromidot-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg