Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно)

Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако често се будите навечер, за полесно да заспиете?

raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-budite-srede-nokj-za-da-zaspiete-polesno-01.jpg

Додека некои луѓе без проблем спијат во текот на целата ноќ, постојат и оние кои се будат скоро секоја вечер. А, кога ќе се разбудат, може да биде особено тешко повторно да заспијат.

Веруваме дека ви е јасно кои се последиците од ова – недостаток од сон, замор, намалена концентрација, па дури и влошено здравје.

Ако честопати се будите среде ноќ, важно е да избегнувате некои активности бидејќи ќе ве расонат и дополнително ќе ви го отежнат заспивањето.

Што НЕ треба да правите кога ќе се разбудите навечер?

Не станувајте

Пробајте да останете во кревет, во истата положба во којашто сте се разбудиле.

Ако станете, најверојатно ќе се расоните.

Доколку останете во истата положба и ги затворите очите, поверојатно е да заспиете набрзо.

raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-budite-srede-nokj-za-da-zaspiete-polesno-02.jpg

Не го проверувајте телефонот

Светлината од телефонот речиси сигурно ќе ве расони, а притоа ќе го стимулира вашиот мозок, па ќе биде практично невозможно да заспиете.

raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-budite-srede-nokj-za-da-zaspiete-polesno-03.jpg

Не го проверувајте часовникот

Сигурно ќе бидете во искушение да проверите колку е часот, но пробајте да се воздржите.

Ако видите дека имате само уште два часа додека да треба да станете, ќе се изложите на непотребен стрес.

Веројатно и самите имате забележано дека кога си легнувате доцна и броите колку часа имате за спиење, тогаш чувствувате анксиозност, па потешко ви е да заспиете.

Штом надвор е темно, ќе знаете дека имате уште време за спиење и фокусирајте се на тоа, а не на часот.

raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-budite-srede-nokj-za-da-zaspiete-polesno-04.jpg

Не се превртувајте во креветот

Обично кога се будите среде ноќ, мускулите ви се релаксирани. Но, ако почнете да се превртувате во креветот, ќе ги раздвижите и мускулите.

Слично како станувањето што го спомнавме на почетокот, најдобро избегнувајте го ова и само затворете ги очите.

Можете да пробате и некоја вежба за дишење, како медитација, која дополнително ќе ве релаксира.

raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-budite-srede-nokj-za-da-zaspiete-polesno-05.jpg

Не станувајте за да одите во тоалет

Секако, не можеме да ги контролираме физиолошките потреби, барем не потполно.

Ако често се будите навечер, избегнувајте да пиете вода и течности пред спиење, и тоа барем еден час.

Секако, ако мора да одите во тоалет, тогаш станете и не се воздржувајте бидејќи со тоа му штетите на мочниот меур.

raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-budite-srede-nokj-za-da-zaspiete-polesno-06.jpg

Што ако сепак не можете да заспиете?

Ако ги следевте правилата, но сепак се чувствувате многу расонето, тогаш најдобро станете од кревет.

Направете си чај – од камилица делува релаксирачки – и пробајте да се опуштите.

Не го чепкајте телефонот, не гледајте телевизија и слично, туку можете да медитирате или да прочитате нешто едноставно.

По некое време, би требало да се почувствувате сонливо.

Доколку станувањето навечер ви станува сериозен проблем, тогаш препорачливо е да се консултирате со лекар.

raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-budite-srede-nokj-za-da-zaspiete-polesno-07.jpg

Спирова  С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg