„Една недела пиев течност од кисели краставички – Зошто планирам да ја пијам по секое вежбање?“

„Веќе нема да купувам спортски пијалак, а место тоа ќе пијам само течност од кисели краставички“ – вели новинарката која седум дена правела истражување за тоа како влијае оваа течност врз целокупното здравје на човекот.

edna-nedela-piev-technost-od-kiseli-krastavichki-zoshto-planiram-da-ja-pijam-po-sekoe-vezhbanje-01.jpg

Новинарката Илеана Полс Бронет за порталот Little Things, одлучила да направи истражување за лековитите својства на течноста од киселите краставички и да тестира какви телесни промени ќе почувствува откако една недела секојдневно ќе пие од неа.

Водата од киселите краставички, најчесто ја фрламе, а според некои истражувања, станува збор за мошне лековита течност која носи голем број придобивки за здравјето на човекот.

edna-nedela-piev-technost-od-kiseli-krastavichki-zoshto-planiram-da-ja-pijam-po-sekoe-vezhbanje-02.jpg

Илеана раскажува како на нејзиниот дечко откако трчал маратон му дале торбичка со подароци по трката, во која имало маица, грицки и мало шишенце со вода од кисели краставички.

Таа вели дека потоа почнала да истражува, затоа што ја интересирало зошто на тркачите им даваат вакви шишенца.

Се верува дека водата од киселите краставички помага да се ослободите од грчевите и болките во мускулите, овозможува да останете хидрирани за време на вежбање.

Затоа што не содржи шеќери, одлична е за слабеење, а заради големиот број слободни радикали одлична е и за превенција од рак.

Исто така го регулира шеќерот во крвта и помага да се ослободите од непријатниот здив во устата.

„За да ги откријам придобивките од пиењето вода од краставички, одлучив да пијам по една мала чашка еднаш дневно“ – појаснува таа.

Нејзиното искуство во продолжение ви го пренесуваме во целост:

Прв ден

Сакам да јадам краставички, но нема да лажам – малку ме заплашуваше идејата од пиење течност од кисели краставички.

Искрено морав да соберам храброст за да ја испијам малата чашка и 10-тина минути само гледав во зелената вода пред да ја голтнам.

Бев пријатно изненадена затоа што немаше лош вкус – имаше силен вкус, но воглавно солен. Иако станува збор за течност со многу киселина, воопшто немаше кисел вкус.

edna-nedela-piev-technost-od-kiseli-krastavichki-zoshto-planiram-da-ja-pijam-po-sekoe-vezhbanje-04.jpg

Втор ден

На вториот ден од мојот експеримент имав болки во мускулите заради менструацијата, па се надевав дека течноста ќе ми помогне – затоа што е познато дека ги олеснува болките во мускулите.

До крајот на денот веќе немав грчеви во мускулите, иако не знам дали се загубија од течноста, само знам дека се чувствував полесно.

Трет ден

Веќе третиот ден, пиењето течност од краставички ми беше нешто сосема нормално.

По работа, имав час по балетско баре и да ви кажам очекував дека ќе имам грчеви и болки во мускулите како што тоа секогаш ми се случува.

Часот беше напорен, како и вообичаено, и верував дека следниот ден ќе ме болат сите мускули.

edna-nedela-piev-technost-od-kiseli-krastavichki-zoshto-planiram-da-ja-pijam-po-sekoe-vezhbanje-05_copy.jpg

Четврти ден

Се разбудив очекувајќи ги болките во мускулите од часот по баре, но немав никакви проблеми.

Бев пријатно изненадена од тоа што не се чувствував отечено и толку бев возбудена што заборавив да ја испијам течноста во вообичаеното време.

Ја испив течноста на крајот на денот, но мислам дека тоа ми направи некој проблем.

Петти ден

Вообичаено, вториот ден откако ќе вежбам, е денот кога чувствувам најголема болка во мускулите, но сѐ уште немав проблеми по тренингот.

Не знам дали тоа е така затоа што пиев течност од краставички, но навистина бев среќна.

Пиењето на течноста веќе ми стана нешто најнормално, немав потреба да собирам храброст за да ја испијам.

edna-nedela-piev-technost-od-kiseli-krastavichki-zoshto-planiram-da-ja-pijam-po-sekoe-vezhbanje-03.jpg

Шести ден

Ова беше првпат да пијам течност од краставички дома и се чувствував мошне пријатно, но мојот дечко, кој воопшто не сака кисели краставички, беше згрозен од глетката.

Сепак, не побегна од мене кога се обидов да го бакнам, па верувам дека течноста навистина го освежува здивот, како што многумина тврдат.

Седми ден

Бев пресреќна затоа што ми завршува експериментот, не затоа што не ми се допаѓаше искуството, туку затоа што сакав да почнам само да јадам кисели краставички како сите нормални луѓе.

Сѐ на сѐ, експериментот беше успешен, но бев среќна што веќе нема да носам со себе чашка за дозирање каде и да одам.

edna-nedela-piev-technost-od-kiseli-krastavichki-zoshto-planiram-da-ja-pijam-po-sekoe-vezhbanje-07.jpg

Не знам дали течноста ми помогна во регулирањето на шеќерите во крвта или во борбата против слободните радикали, или за да ослабам, но знам дека ми помогна да се ослободам од болките во мускулите и од лошиот здив.

Најголемите придобивки се оние што се поврзуваат со вежбањето, па следниот пат кога ќе вежбам наместо да купувам пијалак за спортисти, најверојатно ќе земам течност од вода од краставички.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
„Инсомнијата ми го уништи животот - ова е ужасен проблем, верувајте ми“ „Кулминацијата дојде во 2017 година. По обична вечера со пријатели, останав будн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg