Топ 10 машки парфеми за пролет 2017
Пролетта е период од годината кој изобилува со најубави мириси.
За да ја одржите врската со природата неопходно е да изберете парфем кој кој ќе ја отсликува вашата енергија.
Без разлика дали ви се допаѓа темниот мирис на мошус и тутун или полесни ноти на цитрус и килибар, постои опција која совршено ќе одговара на вашиот стил.
1. Cartier Pasha Edition Noire
Овој парфем е длабоко вкоренет во историјата на брендот. Инспириран е од пашата од Маракеш кој го назначил Луис Картиер да направи голема количина на дизајнирани часовници.
2. John Varvatos Oud Cologne
Комплексност е зборот кој најдобро го опишува овој парфем. Базиран е на мирис кој содржи мешавина на пиперка, кардамом, тутун и килибар и многу други.
3. Bvlgari Man Black Cologne
Користејќи рум и цитрус и завршувајќи со цветна нота „Bvlgari“ создаде парфем кој се издвојува од останатите на пазарот.
4. Good Clean Love Legends Cologne
Во овој парфем се искористени голем број на антички афродизијаци, кои предизвикуваат поголема самодоверба кај посилниот пол.
5. Odin New York Tanoke Formula Seven Men's Eau de Parfum
Длабок, дрвенест парфем со ноти на морско оревче и други зачини, овој парфем нуди исклучително тежок мирис.
6. Comme Des Garçons Wonderwood Men's Eau de Parfum
Овој парфем нуди шумски мириси. Доколку сакате вашиот маж да мириса како цел ден да го поминал во сечење на елки, тогаш ова е вистинскиот избор.
7. Frederic Malle Musc Ravageur Men's Eau de Parfum
Балансирана доза на килибар, мошус ванила и цимет го сочинуваат јадрото на овој парфем.
8. Tom Ford Tobacco Vanille Men's Eau de Parfum
Мешавината од тутун, ѓумбир, ванила и какао претставува комбинација која ќе ве потсети на зимските денови. Ова е уште еден парфем од листата на Том Форд кој не смеете да го пропуштите.
9. Beardbrand Spiced Citrus Men's Solid Cologne
Оваа комбинација не е многу честа појава, но е одлична за ова период од годината. Претставува спој на цитрус и каранфилче кој дава исклучителна арома.
10. Truefitt & Hill Clubman Cologne
Ова е парфем кој не е премногу тежок, а претставува мешавина на цитрус и високи цветни ноти со подлабока арома на дрво и мошус.
М. С. | Црнобело