Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?)

Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски парфеми потсетуваат? Ако сте во потрага по совршен мирис за ова лето, разгледајте ги овие 5 парфеми во продолжение.

top-5-parfemi-od-zara-za-leto-2024-i-na-koi-poznati-mirisi-potsetuvaat-01.jpg

Веќе на сите ни е јасно дека парфемите од ZARA во голема мера потсетуваат на скапите дизајнерски парфеми и претставуваат попристапна верзија за сечиј џеб.

Голем број инфлуенсерки и модни ентузијасти досега јавно објавувале дека се изненадени од тоа како реагираат луѓето на нивните парфеми од ZARA, а за летниот период се достапни повеќе мириси и мирисни ноти.

Кои 5 парфеми од ZARA се одлични за летниот период?

Red Temptation Summer

Парфемот Red Temptation долго време беше меѓу омилените и се смета дека е одлична замена за дизајнерскиот парфем Baccarat Rouge 540.

Минатата 2023, беше лансирана и летната верзија на овој парфем, насловена Red Temptation Summer, во кој се мешаат мирисите на малина и на рози.

top-5-parfemi-od-zara-za-leto-2024-i-na-koi-poznati-mirisi-potsetuvaat-02.jpg

Pink Flambé

Овој парфем е замена за дизајнерскиот парфем Valentino.

Станува збор за парфем со цитрусни и благи тонови, па затоа е идеален за во лето и за летниот период.

top-5-parfemi-od-zara-za-leto-2024-i-na-koi-poznati-mirisi-potsetuvaat-04.jpg

Wonder Rose

Со мирис на овошје и праска, во кој се мешаат мирисните ноти на јасмин и ванила, Wonder Rose е уште еден од омилените парфеми на ZARA.

Се смета дека тој е замена за парфемот J’adore на Dior.

top-5-parfemi-od-zara-za-leto-2024-i-na-koi-poznati-mirisi-potsetuvaat-03.jpg

Sultry Pear

Како што кажува и самото име, парфемот има мирисна нота на карамелизирана круша. Станува збор за уште еден парфем со овошен мирис, кој е идеален за летниот период.

Инаку, се смета дека овој мирис е замена за дизајнерскиот парфем la Belle на Jean Paul Gaultier.

top-5-parfemi-od-zara-za-leto-2024-i-na-koi-poznati-mirisi-potsetuvaat-05.jpg

Femme

Овој парфем се смета дека е замена за парфемот Hypnotic Poison на Dior.

Со мирис на нежна ванила, овој парфем е идеален за сите оние што сакаат подискретни парфеми во текот на летото.

top-5-parfemi-od-zara-za-leto-2024-i-na-koi-poznati-mirisi-potsetuvaat-06.jpg

Бонус: Sensual Vanilla

Станува збор за нов парфем, кој беше лансиран годинава.

Ова е парфем со сладок мирис, во кој освен мирисот на ванила, се чувствуваат мирисните ноти на шумско овошје, но и на рози.

top-5-parfemi-od-zara-za-leto-2024-i-na-koi-poznati-mirisi-potsetuvaat-07.jpg

Прочитајте и „Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
8 трикови и совети со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно (дури и без парфем) Не претерувајте со пиење кафе и обрнете внимание на исхраната. Што друго ќе ви п...
3 трикови со кои парфемот ќе ви трае цел ден Сигурно ви се има случено да го пронајдете омилениот парфем кој со задоволство ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg