8 трикови и совети со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно (дури и без парфем)
Не претерувајте со пиење кафе и обрнете внимание на исхраната. Што друго ќе ви помогне да го намалите непријатниот мирис на телото?
Потењето е нормален процес со кој нашето тело се разладува.
Но, потењето ни е и голем проблем, особено во лето.
Важно е да знаете дека сама по себе, потта нема мирис, туку мирисот се јавува кога се комбинира со бактерии кои живеат на нашата кожа, нечистотии и слично.
А, знаевте ли дека постојат ситници кои не би ги поврзале со нашиот мирис, но сепак имаат влијание?
Неколку трикови со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно:
Избегнувајте облека од синтетички материјали
Синтетичките материјали не ѝ дозволуваат на кожата да „дише“.
Поради ова, потта не може да испари, туку останува залепена на вас и облеката.
А, ова може да предизвика непријатен мирис.
Давајте им предност на природните материјали, како памук.
Обрнете внимание на исхраната
Храната што ја јадеме може да влијае врз мирисот на потта.
На пример, ако јадете многу мрсна храна, можно е мирисот на потта да стане поинтензивен.
Ако, пак, претерате со храна која содржи сулфур, како брокула или зелка, исто така може да забележите поинтензивен непријатен мирис.
Слично e и со храна со силен мирис, како лук.
Ова воопшто не значи дека не треба да јадете брокула или зелка, па и помрсна храна, само бидете умерени.
Генерално, внесувајте многу свежо овошје и зеленчук кој нема многу сулфур и не заборавајте да пиете доволно вода.
Не претерувајте со пиење кафе
Кофеинот може да ja зголеми активноста на потните жлезди.
Па, ако претерате со кафе и пијалаци со кофеин, ќе се потите повеќе и ќе забележите непријатен мирис.
Добро исушете се по туширање
Кога е многу топло, не мора да се грижите за ова бидејќи сигурно ќе се исушите добро.
Но, во постудените месеци, осигурете се дека кожата ви е целосно сува пред да облечете нешто. Обрнете посебно внимание на пазувите и гениталиите.
Ако се облечете додека телото ви е влажно, ќе ја намокрите и облеката, а ова може да создаде непријатен мирис.