„Ја најдов најдобрата копија на скап парфем во ZARA, за 125 евра е поевтин од оригиналот“

Кој парфем на ZARA мириса идентично со скапиот дизајнерски парфем на Yves Saint Laurent? Инфлуенсерка од Шкотска тврди дека го нашла најдобриот парфем во ZARA.

ja-najdov-najdobrata-kopija-na-skap-parfem-vo-zara-za-125-evra-e-poevtin-od-originalot-01.jpg

Сите сме свесни дека речиси ниту една копија не може во целост да ги замени скапите дизајнерски парфеми, но една инфлуенсерка од Глазгов, Шкотска тврди дека ја нашла „копијата на годината“ во ZARA.

Еш Рид е љубител на модата, а на профилите на социјалните мрежи често споделува нејзини искуства за добрите модни зделки што ги направила.

ja-najdov-najdobrata-kopija-na-skap-parfem-vo-zara-za-125-evra-e-poevtin-od-originalot-02_copy.jpg

Така, во едно свое видео таа сподели дека ја нашла најдобрата копија на парфемот Yves Saint Laurent - Libre во ZARA. Според неа, парфемот на ZARA, Golden Decade, мириса идентично со скапиот дизајнерски парфем, а е многу поевтин од него.

ja-najdov-najdobrata-kopija-na-skap-parfem-vo-zara-za-125-evra-e-poevtin-od-originalot-06.jpg

Парфемот на Yves Saint Laurent се продава по цена од околу 150 евра за шише од 90 милилитри, додека парфемот на ZARA се продава по цена од околу 25 евра за шише од 80 милилитри.

Јасно е дека разликата во цената е огромна, а Еш до својата објава напиша:

„Пазарам во ZARA почесто отколку за време на претходните сезони... Наградата ‘најдобра копија на скап парфем’ е за Golden Decade на ZARA“.

ja-najdov-najdobrata-kopija-na-skap-parfem-vo-zara-za-125-evra-e-poevtin-od-originalot-03.jpg

Прочитајте и 12 женски парфеми од ZARA што се копии на познати скапи мириси - кој ви е омилен? (фото)

 Погледнете повеќе фотки од Еш во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
3 трикови со кои парфемот ќе ви трае цел ден Сигурно ви се има случено да го пронајдете омилениот парфем кој со задоволство ќ...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...
8 трикови и совети со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно (дури и без парфем) Не претерувајте со пиење кафе и обрнете внимание на исхраната. Што друго ќе ви п...
Трикови со кои секогаш ќе мирисате убаво (дури и без парфем) Антибактериските сапуни може да го нарушат природниот баланс и да ги уништат кор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg