12 женски парфеми од ZARA што се копии на познати скапи мириси - кој ви е омилен? (фото)
Сите знаат дека парфемите од ZARA се попристапна верзија на скапите мириси на голем број познати светски брендови. Во продолжение дознајте кои парфеми од ZARA може да бидат добра замена вашите омилени мириси.
Идејата на Амансио Ортега, основачот на ZARA билa да направи бренд што ќе им овозможи на сите луѓе да се облекуваат добро за помалку пари.
Освен што неговите модели во голема мера ги следат трендовите на светските модни куќи, а се продаваат по цени пристапни за секого, и парфемите на оваа модна куќа се слични верзии на голем број скапи парфеми.
Девојките на социјалните мрежи често коментираат за тоа колку се изненадени од сличноста на мирисите на парфемите од ZARA со оние на скапите модни брендови.