-->
За да ја основа ZARA, побарал кредит во износ од 30 евра, а првото нешто што го креирал била евтина копија на дизајнерски пењоар. Денес има богатство од над 63 милијарди долари, а недоамна го наследи ќерката која ја добил во афера со вработена – Факти за Амансио Ортега...
Основачот на модниот бренд ZARA, Амансио Ортега (86) важи за еден од најбогатите луѓе во светот кој е познат по тоа што многу ретко се појавува во јавност. Со богатство од 63.3 милијарди долари, тој се наоѓа на 17-тото место на листата на милијардери на Forbes.
-->
Познатиот бренд ZARA е меѓу омилените во целиот свет, а во нивни модели досега многупати се појавила Кејт Мидлтон, но и кралицата Летиција од Шпанија.
Како нејзиниот основач, како човек со оскудно образование и скромни почетоци успеа да го креира светски најпознатиот моден бренд?
-->
-->
Што знаеме за скромниот Амансио кој успеа да го креира светски познатиот бренд ZARA?
Амансио Ортега Гаона е роден само неколку месеци пред избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, во март 1936-та година. Татко му работел во железница, а мајка му била собарка, па така Амансио морал да се откаже од образованието на возраст од само 13 години и да почне да заработува за да им помогне на родителите.
-->
На 14 години Амансио нашол вработување во текстилната индустрија. Работел како доставувач во продавница за машки кошули, но и како кројач во кројачницата La Maja – што од најмала возраст му помогнало да се запознае со трошоците за изработка и достава на облека.
Уште додека работел во кројачницата La Maja (каде доаѓала само богата клиентела), Амансио добил идеја да креира облека изработена од поевтини материјали, што ќе се продава по разумна цена. Така кариерата ја започнал откако заедно со една од продавачките во кројачницата, Розалија Мера (која подоцна ќе му стане и сопруга) креирале поевтина верзија на пењоарот што се продавал во La Maja.
Продолжува на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира: