Храна и убавина: 5 клучни правила
Ниеден лек нема таков темелен пристап до нашето духовно и телесно здравје, како што го има токму храната.
Предвременото стареење на кожата, појавата на брчки и кожата без сјај е резултат од внесување храна која тешко се вари во нашиот организам.
Следете ги овие 5 клучни правила и блеснете во полн сјај:
1. Не заборавајте на водата
Според многу верувања од водата се создало сѐ она што постои, па така и нашето тело. Честото ожеднување и незадоволување на потребата за течност, со текот на времето може да наметне проблем во вашиот организам. Основниот совет кој треба да го запомните е редовно да пиете вода, бидејќи само таа го хидратизира вашето тело.
2. Овошје за флексибилна кожа
Редовно консумирајте сезонско овошје, вклучувајќи ги јаболката за појадок за да ја подобрите флексибилноста на кожата. Сировото овошје секогаш јадете го посебно, а не како дел од оброкот.
3. Почнете со житарки уште денес
Во вашата секојдневна прехрана внесете разновидни житарки, бидејќи тие ја хранат кожата давајќи и ги сите потребни минерали. Препорачани житарки се јачмен, просо,класје, ориз...
4. Зеленчук богат со влакна и витамини
Оброците нека ви бидат богати со зеленчук кој содржи железо, калциум. Зеленчукот кој содржи железо и калциум ја храни крвта и ткивата.
5. Вклучете здрави зачини
Ѓумбирот и коријандерот ќе ги отворат сите канали во вашето тело. На тој начин, сите токсини кои ги имате во организмот ќе излезат преку кожата, урината и преку дебелото црево.