Отстранете го од подбрадокот за 10 минути
За жал, ваквата појава е сè почеста кај жените, особено како што одминуваат годините. За среќа има брзо и едноставно решение за тоа. Овој визуелен проблем може да се реши со малку вежби и многу упорност.
Почнете со масажа
Масажата е еден од најефикасните и наједноставните начини за да се ослободите од наслагите под брадата. Не ви е потребно многу време, умешност или напор.
Најпрво со прстите допирајте ја кожата под брадата со тапкање, а потоа со прстите направете потег од вратот кон брадата.
Додека го правите тоа, наместете ја вилицата така што долната вилица да ви биде издадена пред горната.
Правете го ова околу 5 минути наутро и исто толку навечер за време на нанесувањето помада.
Затегнете ги мускулите
Масажата помага, но за подбрадокот да биде убав и младешки потребно е да ги активирате мускулите.
Еден од начините е вежбата која најчесто се препорачува. Отворете ја широко устата, долниот дел на усната раширете го преку долната вилица и од таквата положба поткревајте ја нагоре-надолу. Ова повторете го околу 15 пати за почеток, а потоа може и да го зголемите тој број.
Бакнете го плафонот
Уште една интересна, популарна и ефикасна вежба која исто така не одзема премногу време. Може да стоите или да седите, само е важно грбот да ви е исправен. Главата затегнете ја наназад така што ќе гледате во плафонот и да почувствувате како ви се истегнуваат мускулите под брадата.
Потоа стиснете ги усните како да сакате да го бакнете плафонот и останете во таа положба околу 5 секунди. Додека го правите ова, потрудете се и останатите мускули на лицето да ви бидат опуштени.
Вежба на отпор
Палецот на едната рака ставете го на коската од долната вилица, точно на местото каде што се свиткува и продолжува нагоре, кон увото.
Така, вашата рака ќе направи лак на кој може да се потпре главата. Притисокот не треба да биде премногу силен, но мора да почувствувате дека мускулите се активирани.
За вежбата да биде ефикасна потребно е да останете во оваа положба најмалку 10 минути или барем двапати по 5 минути.
Овие и уште неколку други вежби погледнете ги практично во видеото: