Зошто се појавува двојна брада (и како да се ослободите од неа без операција)?
Покрај слабеењето, постојат и вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од двојната брада, без операции.
Двојната брада главно не претставува проблем, но повеќето ја „мразат“ од естетски причини.
Обично се верува дека е потребен хируршки зафат за да се отстрани, но ако ја знаете точната причина, можете да се ослободите од неа и на природен начин.
Зошто се создава двојна брада?
Двојната брада настанува кога под брадата се акумулира повеќе масно ткиво.
Ова се случува од неколку фактори:
Возраст – со годините, кожата ја губи еластичноста и почнува да виси. Па, двојната брада делува поизразено.
Тежина – доста често вишокот килограми е причина за двојна брада.
Генетика – некои луѓе, едноставно, имаат таква градба и двојната брада не е поради дебелина, здравствен проблем и слично.
Држење на телото – неправилното држење на телото има влијание и врз вратот и лицето, па може да почнете да забележувате поизразена двојна брада.
Здравствени проблеми – некои заболувања можат да предизвикаат акумулација на масни наслаги во областа на лицето и вратот.
Како да се ослободите од двојната брада?
Доколку двојната брада е резултат на вишок килограми, тогаш здравата исхрана и физичката активност се најдоброто решение.
За да ги дефинирате мускулите во оваа област, можете да џвакате и мастика, секако без шеќер, за да ги избегнете проблемите со забите.
Од помош можат да ви бидат и некои вежби.
Прва вежба
Застанете или седнете со исправен грб и опуштете ги рамената.
Навалете ја главата кон назад и погледнете кон таванот.
Соберете ги усните, како во положба за свиркање – треба да почувствувате истекнување во областа на вратот.
Држете ја положбата од 10 до 20 секунди и повторете десетпати.
Втора вежба
Легнете на грб.
Подадете ја долната вилица што е можно понапред, па наведнете ја главата за да ја доближите брадата до градите.
Држете ја положбата 3 секунди и повторете од 10 до 20 пати.
Трета вежба
Седнете или застанете со исправен грб.
Отворете ја устата што е можно повеќе и исплазете го јазикот колку што можете.
Треба да почувствувате затегнување на мускулите во вратот и долната вилица.
Држете ја положбата 10 секунди и направете десет повторувања.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:



