Што им прават високите потпетици на вашите стапала?

Екстремно високите потпетици визуелно прават нозете да изгледаат витки, згодни и женствени, но ако го погледнете стапалото низ тродимензионален приказ на коските, можеби ќе размислите двапати следен пат кога ќе треба да облечете високи потпетици.

sto-im-pravat-visokite-potpetici-na-vasite-stapala-01

Технологијата „pedCAT“ претставува посебен вид рендгенска снимка која во Америка добила дозвола од министерството за здравство. Најголемата разлика меѓу оваа и класичната рендген снимка е во тоа што лекарот може да го види стапалото во реалната ситуација каде трпи притисок на телесната тежина.

Добро е познато дека високите потпетици и тесните врвови може да бидат ужасни за стапалото. Проблемот кој може да се појави кај жените кои често носат вакви чевли е скратување и задебелување на Ахиловата тетива, поради што подоцна може да дојде до тендонитис (воспаление на тетивата) , приклештување на нервите, зглобовите и деформитети.

Ако имате болка во стапалото или зглобовите доволно е да направите лекарски преглед и дводимензионален рендген . Докторите се искрени кога се работи за носењето потпетици и сметаат дека жените кои тврдат дека ги носат само за викенди, сепак истите ги носат и во текот на неделата бидејќи сметаат дека во нив изгледаат поубаво и поженствено.

-Модата секако ќе победи, затоа сметаме дека најпаметно е барем умерено да ги носите високите потпетици. Не ги носете секојдневно и ќе ги поштедите стапалата од непотребното страдање – тврди доктор Алан Блок.

Погледнете што се случува со вашето стапало кога носите високи потпетици:

Би можело да ве интересира:

Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
18 жени кои целосно се трансформираа откако ја сменија фризурата (фото) Дали сте од оние жени кои често ја менуваат фризурата и бојата на косата, или по...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg