Мека кожа и цврсти нокти: Совети за беспрекорен изглед на дланките

Користете масло за кутикули, а ако имате многу сува кожа на дланките, редовно ставајте крем со уреа и шеа путер.

meka-kozha-i-cvrsti-nokti-soveti-za-besprekoren-izgled-na-dlankite-08_copy.jpg

Кожата на дланките е најмногу изложена на надворешни влијанија, па поради ова бара посебна грижа.

Негата на дланките е уште поважна во зима, кога е студено.

Дел од најчестите проблеми поради кои дланките ви изгледаат „безживотно“ и како да ги решите:

Брчки и тенка кожа

Со годините, нормално е кожата да делува потенко и помалку еластично бидејќи се намалува лачењето на колаген и еластин.

Истовремено, нормално е да почнат да се појавуваат и брчки.

Но, можете да го забавите овој процес со кремови кои содржат ретинол.

Еднаш неделно можете да ставате и маска со ретинол која ќе ја оставите преку ноќ, со ракавици на рацете.

Ретинолот го активира обновувањето на клетките на кожата.

Двапати неделно нанесувајте маслиново масло на дланките и оставајте го преку ноќ, со ракавици.

Маслиновото масло ја хидрира и потхранува кожата.

meka-kozha-i-cvrsti-nokti-soveti-za-besprekoren-izgled-na-dlankite-02.JPG

Дамки на дланките

Со текот на времето нормално е да се појават и дамки на дланките, кои ќе бидат поизразени ако не сте користеле крем со фактор.

Па, за да ги спречите, секогаш нанесувајте крем со фактор и на вашите дланки.

За да ја намалите видливоста на дамките, може да ставате продукт со АНА киселина еднаш неделно, кој делува како пилинг.

meka-kozha-i-cvrsti-nokti-soveti-za-besprekoren-izgled-na-dlankite-03.JPG

Проширени вени

И проширените вени се честа појава кај повозрасните. А, можат да се појават и на дланките.

За овој проблем треба да се обратите на лекар.

Но, секогаш можете да ги скриете и со коректор.

meka-kozha-i-cvrsti-nokti-soveti-za-besprekoren-izgled-na-dlankite-04.JPG

Сува кожа

Ако имате многу суви дланки, користете кремови со уреа и шеа путер.

Навечер можете да ставите и подебел слој крем, да ставите ракавици и да го оставите кремот преку ноќ.

meka-kozha-i-cvrsti-nokti-soveti-za-besprekoren-izgled-na-dlankite-05.JPG

Калуси

Калусите, познати и како жуљеви, претставуваат задебелување на кожата.

Иако се почести на стапалата, можат да се појават и на дланките.

Од аптека можете да набавите крем или маст за калуси, а можете да користите и нежни пилинзи.

Немојте да пробувате да ги истриете со груб пилинг, крпа и слично, бидејќи може да си направите рани.

meka-kozha-i-cvrsti-nokti-soveti-za-besprekoren-izgled-na-dlankite-06.JPG

Кршливи нокти

Ако имате кршливи нокти, тоа може да биде знак за недостаток на одредени хранливи материи во организмот.

Па, консултирајте се со вашиот лекар за додатоци во исхраната со витамини и минерали или пробајте да се храните поздраво.

Истовремено, можете да купите и лак за зацврстување на ноктите.

meka-kozha-i-cvrsti-nokti-soveti-za-besprekoren-izgled-na-dlankite-07.jpg

Задебелени кутикули

Не е препорачливо да ги сечите кутикулите бидејќи постои ризик да си направите рани.

Најдобро е да користите масло за кутикули кое ги омекнува.

Потоа нежно со специјално стапче за кутикули потиснете ги кон ноктот.

За да го избегнете задебелувањето на кутикулите, во текот на денот редовно ставајте крем за раце.

meka-kozha-i-cvrsti-nokti-soveti-za-besprekoren-izgled-na-dlankite-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg