Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни)

Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува иритација, кожата нема да се навикне на него и треба да престанете да го користите.

popularni-mitovi-za-nega-na-kozha-od-instagram-i-tiktok-koi-mozhat-da-bidat-i-shtetni-01.jpg

Благодарение на ТикТок и Инстаграм, постојано сме бомбардирани со совети за нега на кожа.

Точно е дека постојат дерматолози кои ја користат платформата и споделуваат релевантни совети, но доста често се шират и само митови.

А, овие митови некогаш можат да бидат и штетни.

Вo продолжение, дел од најчестите митови за нега на кожа од социјалните мрежи:

Мит 1: Треба да чувствувате дека кожата ви е чиста

Во овој случај станува збор за чувството откако темелно ќе го исчистите лицето и чувствувате како кожата да ви е малку затегната.

Но, штом чувствувате затегнатост, па и сувост, ова може да значи дека претерувате со продуктите за чистење.

На микроскопско ниво, кожата има липиди – органски соединенија кои делуваат како нејзина заштита.

Овие липиди се важни за структурата на кожата, ја одржуваат нејзината флора, но и ја штитат од потенцијални иритации и воспаленија.

Ако користите многу силни продукти за чистење, вие ја отстранувате природната заштита на кожата и ја правите посклона кон проблеми.

За чистење на лицето треба да користите понежни продукти соодветни за вашиот тип кожа.

popularni-mitovi-za-nega-na-kozha-od-instagram-i-tiktok-koi-mozhat-da-bidat-i-shtetni-02.jpg

Мит 2: Кожата се навикнува на продуктите

Сигурно имате слушнато дека ако забележувате црвенило, чешање и слично поради некој продукт, треба да ѝ дадете време на кожата да се навикне.

Ова не е точно и штом некој продукт ви создава каква било иритација, треба да престанете да го користите.

За некои посилни продукти, како ретинол, препорачливо е на почетокот да не ги користите секој ден, туку да ги воведувате постепено.

Но, ако забележувате иритации, кожата нема да се навикне, туку само ќе си предизвикате штета.

popularni-mitovi-za-nega-na-kozha-od-instagram-i-tiktok-koi-mozhat-da-bidat-i-shtetni-03.jpg

Мит 3: Треба да ги „исушите“ мозолчињата и акните

Точни е дека мрсната кожа е посклона кон акни и мозолчиња.

Но, ова не значи дека треба да користите продукти кои ви ја сушат кожата за да се ослободите од нив.

За акните најдобро да се консултирате со експерт бидејќи постојат разни причини за нивна појава, како хормонална нерамнотежа.

Мозолчињата, пак, се честа појава кај жените во време на ПМС, а можат да се појават и ако не ја чистите шминката навечер или користите продукти кои не ѝ годат на вашата кожа.

popularni-mitovi-za-nega-na-kozha-od-instagram-i-tiktok-koi-mozhat-da-bidat-i-shtetni-04.jpg

Мит 4: Не треба да користите ретинол во лето

Бидејќи ретинолот го поттикнува обновувањето на кожните клетки, може да ја направи кожата почувствителна на сонце.

Но, ова не мора да е причина да го прескокнувате во лето - можете да го нанесувате навечер.

Ако сакате да го нанесувате наутро, тогаш задолжително нанесете и крем со фактор пред да излезете надвор.

popularni-mitovi-za-nega-na-kozha-od-instagram-i-tiktok-koi-mozhat-da-bidat-i-shtetni-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg