Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни)
Мит 5: Потребна е комплицирана рутина за нега за да видите резултати
Веројатно досега сте виделе многу видеа во кои инфлуенсерките ја покажуваат нивната рутина за нега на кожа и притоа користат 10 разни продукти.
Кога ќе помислите дека и вам ви требаат толку или повеќе продукти, не заборавајте дека доста често инфлуенсерките само ги рекламираат и не ги користат самите.
Кога станува збор за нега на кожата, „помалку е повеќе“.
Односно, доволни ви се само 2-3 продукти. Во спротивно, го зголемувате ризикот од иритации, мозолчиња и акни, а и непотребно трошите пари.
Ако немате проблематична кожа, доволно ви е продукт за чистење на кожата, серум за нега и хидратантен крем, како и крем со фактор за во текот на денот.
Мит 6: Не треба да користите хидратантни кремови на мрсна кожа
Ова е доста распространет мит и многу жени мислат дека хидратантните кремови ќе ја направат мрсната кожа уште помрсна.
Но, ако кожата не е хидрирана, тогаш таа ќе почне да лачи уште повеќе масти.
Што значи, хидратантниот крем (наменет за мрсна кожа) може всушност да ви биде од помош.
Мит 7: Скапите продукти се секогаш подобри
Не мора да значи дека само затоа што некој продукт е скап, тогаш е и добар.
Сечија кожа е различна и потребно е вие да ги најдете продуктите што најмногу ви годат вам, без да ги избирате најскапите.
Некогаш може и најевтиниот крем да биде идеален за вашата кожа.
Мит 8: Порите се отвораат и затвораат
Порите немаат мускул кој им помага да се отворат или затворат. Но, можат да се затната од нечистотии, шминка и слично.
Исто така, ако во нив се соберат многу нечистотии, тие можат да се прошират, односно да изгледаат поголеми.
Но, невозможно е да ги „отворите“ со пареа и слично или да ги „затворите“ со некој продукт.
Продуктите за пилинг помагаат во чистењето на порите, а доколку ви се проширени од минати проблеми со кожата, тогаш е најдобро да се консултирате со дерматолог.
Спирова С. | Црнобело