Лекува егзема и габички - Зошто водата со оцет е корисна за стапалата?

Мирисот на испотените нозе најчесто произлегува од комбинација на пот и бактерии кои остануваат на стапалата и во чевлите. Со оглед на тоа што оцетот може да се користи и против габи и бактерии, со овој раствор можете да ја отстранете непријатната миризба. 

voda-so-ocet-korisna-kombinacija-za-nega-na-stapalata-01.jpg

Честопати негата на стапалата ја занемаруваме и ја ставаме на последно место.

Но, со добар педикир и тоа во домашни услови, може да направите многу за кожата на овој дел од телото.

Со едноставна купка од оцет и вода може да лекувате некои вообичаени заболувања, а за што станува збор, погледнете во продолжение.

Зошто е корисна водата со оцет за вашите стапала:

Ја намалува егземата

Егземата е честа габична инфекција на стапалата.

Може да ја добиете од базени или други места ако се шетате боси. Оваа габична инфекција може да доведе до сува кожа, а да се појави и чешање, па дури и воспаление и плускавици.

Поради антигабичното дејство на оцетот, тој со својот силен мирис може да ви помогне во лекувањето на габичната инфекција.

Редовното миење на стапалата во овој раствор може да ги намали симптомите и да ја стави инфекцијата под контрола.

voda-so-ocet-korisna-kombinacija-za-nega-na-stapalata-02.jpg

Помага при мирис од испотени стапала

Мирисот на испотените нозе најчесто произлегува од комбинација на пот и бактерии кои остануваат на стапалата и во чевлите.

Со оглед на тоа што оцетот може да се користи и против габи и бактерии, со овој раствор можете да ја отстранете непријатната миризба.

Повремено капете ги нозете во оцет, па потоа добро исплакнете ги.

Корисен е за суви стапала и испукани пети

Не само што не изгледаат убаво сувите стапала и пети, туку може да бидат и болни. Киселоста во оцетот им дава на сувите стапала хидратантен третман, а вие ќе ги чувствувате стапалата помеки и помазни.

voda-so-ocet-korisna-kombinacija-za-nega-na-stapalata-03.jpg

Како да направите купка со оцет за вашите стапала?

Постапката за подготвување купка од оцет и вода за вашите стапала воопшто не е тешка.

Во еден поголем сад или кофа ставете 1 голема чаша оцет и додајте 2 големи чаши топла вода.

Повторете во овој сооднос додека садот не се наполни доволно за да ги потопите стапалата. Не е важно каков вид оцет користите.

Во така подготвениот раствор ставете ги стапалата и држете ги околу 10 до 20 минути, а потоа исушете ги целосно.

Сепак, иако оцетот најчесто е безбеден кога се користи во умерени количини, треба да го користите со претпазливост.

Можно е оцетот да ја иритира веќе воспалената кожа, а исто така не е соодветен за лекување на рани на стапалото.

Луѓето кои имаат дијабетес треба да избегнуваат користење на оцетот за проблеми со стапалата. Дијабетесот може да предизвика низа состојби на стапалата, вклучувајќи и брадавици, кои бараат специјалистичка нега.

voda-so-ocet-korisna-kombinacija-za-nega-na-stapalata-04.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
7 грешки со кои си ги уништувате стапалата (и сакате да ги скриете во лето) Носите многу ниски, рамни чевли кои не ви ја даваат потребната поддршка и сами п...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
Полни усни, заводлив поглед: Кои се најубавите латино жени во светот во 2024? Од Шакира, преку Салма Хајек, до Ева Лонгорија - кои се 20-те најубавите латино ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg