Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разубавување?
Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја зајакнат косата од коренот и да го задржат нејзиниот сјај. Се препорачува нанесување на оризова вода на скалпот, со цел да го поттикнете растот на косата. Така ќе го зголемите и нејзиниот волумен и ќе го спречите прекумерното создавање првут.
Оризовата вода е богата со хранливи материи. За да добиете оризова вода, накиснете го или зовријте го оризот во големо тенџере, користејќи двојно повеќе количество вода отколку што ви е потребно кога го готвите оризот.
Откако ќе зоврие, намалете го оганот и оставете го да поврие уште 5 минути, повремено мешајќи.
Потоа, тргнете го тенџерето од оган, процедете го оризот и добиената вода треба да ви биде малку густа.
Така добиената оризова вода, може да ја користите за нега на кожата или косата.
Како може да ја користите оризовата вода во негата за себе?
Оризова вода за чистење на кожата од нечистотии
Водата од ориз ќе ви помогне да ја исчистите кожата од нечистотии, да го осветли и изедначи нејзиниот тон.
За оваа цел, двапати дневно мачкајте го лицето со оризова вода, како што го правите тоа со тонери и останати козметички производи.
Оризовата вода ја осветлува кожата
Состојките во оризовата вода може да ви помогнат да ја осветлите кожата, односно, да се справите со појавата на дамки на кожата.
Додајте околу 200-400 милилитри оризова вода во водата за капење и останете во бањата околу 15-20 минути за да ги искористите нејзините придобивки.
Оризова вода како пилинг за усни
Направете пилинг за усни така што ќе помешате оризова вода со шеќер. Нежно втријте го на усните за да ја отстраните мртвата кожа и да добиете помазни и посветли усни.
Оризовата вода го смирува воспалението
Ако имате суви дамки на кожата предизвикани од состојба како егзема, употребата на оризова вода може да ви помогне во ублажувањето на воспалението и чешањето.
Сепак, ако се одлучите на ова, користете ја оризовата вода најмногу еднаш неделно, а не секојдневно.
Секако, ова не е лек, па консултирајте се со лекар дали е во ред да ја користите зависно вашата состојба.
Оризовата вода го забавува стареењето
Оризовата вода има антиоксиданти, ја штити кожата од слободните радикали и ги забавува знаците на стареење.
За да направите домашна маска за лице, измешајте ја оризовата вода со природни состојки како мед или алое вера гел.
Така подготвената маска нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете.
Ако имате вишок оризова вода, пак, наместо да ја фрлите, замрзнете ја. Пред употреба, оставете ја коцката да отстои околу 30 секунди за малку да омекне.
Потоа, нежно втријте ја преку лицето и вратот и оставете ја оризовата вода да отстои на лицето од 5 до 10 минути пред да ја исплакнете.
Водата од ориз го поттикнува растот на косата
Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја зајакнат косата од коренот и да го задржат нејзиниот сјај.
Се препорачува нанесување на оризова вода на скалпот, со цел да го поттикнете растот на косата.
Така ќе го зголемите и нејзиниот волумен и ќе го спречите прекумерното создавање првут.
Дали постои ризик од користење оризова вода?
Не постојат докази дека свежата оризова вода е штетна за кожата.
Сепак, како и со секој производ кој го нанесувате на кожата, разумно е прво да ја тестирате оризовата вода на мал дел од кожата.
Оризовата вода е безбедна за употреба околу една недела, а доколку е постара, препорачливо е да се фрли.
Луѓето со алергија на ориз, не треба да користат оризова вода.
Сепак, вреди да се спомене дека оризовата вода не е замена за медицинска нега.
Може да ви помогне во справување со состојбата на кожата, но за одредени состојби како егзема, треба да се консултирате со стручно лице.
Прочитајте и Немаат бели влакна и имаат густи, долги коси - која е тајната на жените од племето Јао?
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com