Осум причини зошто некои жени се младолики над 40, а некои не
Покрај генетиката над која немаме многу контрола, знаевте ли дека и начинот на којшто зборувате и се изразувате може да направи да изгледате постаро?
Кога станува збор за познатите жени кои имаат над 40 години, ние „обичните“ не би требало да се споредуваме со нив.
Овие жени имаат пристап до секакви третмани за разубавување, лични тренери и готвачи и можат да си дозволат да се грижат за изгледот многу повеќе од нас.
Но, сигурно сте забележале дека има многу жени кои не се ни богати ни славни, но сепак изгледаат помладо од другите на нивна возраст.
Зошто некои жени се младолики по 40-тата година, а други не?
Хормонални промени
Со менопаузата, хормоналните промени се неизбежни за повозрасните жени.
Постепено почнува да се намалува нивото на естроген во телото, а ова може да влијае врз еластичноста на кожата и други фактори поврзани со изгледот.
Но, донекаде можете да имате влијание врз овие промени.
На пример, јадете храна која го поттикнува лачењето естроген, како ленено семе, соја и многу овошје.
Исто така, вежбајте редовно, одржувајте ја телесната тежина и пробувајте да го регулирате стресот.
Сето ова може да биде од помош во период од животот кога се соочувате со хормонална нерамнотежа.
Генетика
Ова е уште еден фактор кој е надвор од ваша контрола.
Навистина, постојат неколку гени кои одредуваат кога ќе почнат да ви се појавуваат брчки или кога ќе почне да ви побелува косата.
Но, и во овој случај можете да имате барем некакво влијание, а советите се скоро исти како и во претходната точка.
Мора да водите добра грижа за здравјето преку редовно вежбање и разновидна исхрана.
Пијте многу вода за да ја хидрирате кожата и никако не излегувајте од дома без крем со фактор.
Фризура
Долгата коса не е само за помлади жени.
Без разлика на возраста, ако добро ја негувате косата и ви е во релативно добра состојба, нема потреба да ја потстрижувате кратко само затоа што другите го прават тоа.
Веројатно и самите имате забележано дека повеќето младолики жени всушност имаат долга коса.
Па, ако сакате да се подмладите, слободно експериментирајте со фризурата.
Вишок килограми
Бројни истражувања покажале дека дебелината го забрзува стареењето.
Дебелината може да ја намали еластичноста на кожата и да предизвика создавање стрии.
Ова не значи дека треба да имате тело на модел за да изгледате младолико.
Туку, како што веќе спомнавме, хранете се здраво и бидете физички активни.