Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки?
Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да ја искористите тиквата оваа есен, но и кои се здравствените придобивки од неа?
Пониските, есенски температури можат да имаат лошо влијание врз кожата.
А, за одлична нега во оваа сезона можете да ги искористите неверојатните придобивки од тиквата:
- Ја измазнува кожата
- Богата е со цинк, кој е добар за борбата против акните
- Богата е со масни киселини и витамин Е
- Помага при обновување на клетките
Тиквата помага за сите типови кожа, а во продолжение погледнете како може да ја вклучите во вашата рутина за разубавување:
Пилинг за тело
Не треба да ги изоставите пилинзите за тело од вашата рутина за разубавување. Тие помагаат да се отстрани мртвата кожа и да ѝ се врати природниот сјај.
Состојки за домашен пилинг од тиква:
- 250g шеќер
- 1 лажичка морско оревче
- 1 лажичка цимет
- 50-60g пире од тиква
Измешајте ги шеќерот, морското оревче и циметот. Потоа додајте го и пирето од тиква и нанесете на кожата. Тријте нежно со кружни движења, а потоа исплакнете.
Маска од тиква за мрсна кожа
Измешајте околу 50 грама пире од тиква со една лажица јаболков оцет и едно јајце.
Добро измешајте ги и нанесете ги на лицето. Оставете да делуваат околу 15 минути, па измијте со млака вода.
Маска од тиква за сува кожа
Измешајте околу 50 грама пире од тиква со една лажичка маслиново масло, една лажичка мед и едно јајце.
Измешајте ги добро и нанесете ги на лицето, оставете да делуваат 20-25 минути, па добро измијте го лицето.
Пилинг и балсам за усни
Измешајте околу 50 грама пире од тиква со малку кокосово масло и шеќер. Потоа втријте на усните и нежно масирајте.
Шеќерот ќе направи нежен пилинг на усните, а останатите состојки ќе им го вратат сјајот.