Ѕвездите се опседнаа со трендот „Лице на богата жена“ – Кои се 4-те правила за ваков изглед?
Еден од трендовите во козметиката кој стекна популарност благодарение на светските ѕвезди, популарно се нарекува „Лицето на богата жена“. Како да го постигнете?
Ако сакате да изгледате елегантно и префинето, без козметички зафати, ботокс и филери, а со малку шминка и трикови, тогаш ќе ви послужат овие 4 правила.
Целта на трендот „Лицето на богата жена“' е вашето лице постојано да блеска и да делува здраво.
И запомнете, за ова не ви треба пластичен хирург, туку правилата до кои се придржуваат Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Хејли Бибер и Роузи Хантингтон-Вајтли.
Што сè ви е потребно за да го постигнете овој ефект?
Мазна кожа која сјае
Беспрекорната кожа е еден од главните показатели дека имате „лице на богата жена“.
Во најголемиот број случаи генетиката и скапите козметички препарати не се најважни – поважна е секојдневната нега на лицето.
Нанесувањето креми со заштитен фактор, соодветни за вашиот тип на кожа, во комбинација со повремените третмани кај дерматолог, кој ќе ги исчисти сите недостатоци, само ќе го забават стареењето на кожата, ќе ја задржат влажноста, а со тоа и сјајот.
Изразени јаболчици
Високопоставените и изразени јаболчици му даваат грациозен и кралски израз на лицето.
Но, што ако вашите природни јаболчици не се такви?
Во тој случај научете како да го контурирате лицето и да го нагласите овој дел.
Користете неколку нијанси и не заборавајте да додадете малку хајлајтер за сјај на целиот изглед.
Сочни усни
Полните, сочни усни се еден од најважните знаци на префинето лице.
Ако имате природно тенки и мали усни кои не сакате да ги зголемите со филери, секогаш можете да ставите сјај кој прави ефект на полни усни.
Овие производи се изработени од супстанции кои го стимулираат проток на крв во усните и им даваат волумен.
Секако, усните можете да ги зголемите визуелно и со моливче, кармин и малку сјај.
Впечатливи очи
Сјајните очи со дебели, нагласени трепки и убаво обликувани веѓи се секогаш во мода.
Уште и ако немате брчки околу очите или подочници, тогаш навистина имате очи на вистинска ѕвезда.
Секако, овој изглед можете да го постигнете со соодветна шминка, коректор за очи, маскара и вечтачки трепки.
Но, подеднакво е важно да ги негувате очите со соодветни дневни и ноќни креми за да ги намалите брчките или да го забавите нивното појавување.
А. Ј. | Црнобело