„Не доаѓајте ненајавени – Список со правила за однесување со моето новороденче“

„Не доаѓајте ако сте болни, не ми е гајле дали е само кашлица. Измијте ги рацете пред да го земете бебето“ - пред да се породи оваа девојка објави видео на социјалните мрежи во кое ги изнесе строгите правила што пријателите и роднините треба да ги почитуваат пред да се среднат со нејзиното бебе. Што мислите дали се во ред осумте правила што таа им ги наметнува на оние што ќе дојдат да го видат новороденчето?

ne-go-baknuvajte-majka-stana-hit-otkako-spodeli-spisok-so-pravila-za-odnesuvanje-so-nejzinoto-novorodenche-01.jpg

Донесувањето нов живот во светот е значајна прилика, а новите родители разбирливо сакаат да поминуваат што е можно повеќе време со своето малечко. Меѓутоа, со доаѓањето на новороденчето би требало да доаѓа и цел сет на правила (нели?) и упатства кои посетителите мора да ги следат за да се осигури безбедноста и благосостојбата на бебето и мајката.

Па така, Мејзи Кромптон од Австралија пред да стане мајка за првпат, ги изненади сите на TikTok и ги насмеа со спосокот со правила за средба со нејзиното новороденче.

Сигурни сме дека многу мајки ќе се пронајдат и би сакале да го споделат овој список со пријателите и семејството. Што мислите за оваа одлична идеја?

Списокот со правила:

1. Ве молам, не го бакнувајте бебето;

2. Не сакам ненајавени гости (Навистина мислам дека нема да бидам подготвена за дружење веднаш штом го извадам бебето од мене);

3. Не објавувајте дека нашето бебе пристигнало на социјалните мрежи додека не го направиме тоа ние;

4. Не споделувајте фотографии од бебето додека не го направиме тоа ние;

5. Не доаѓајте ако сте болен (Не ми е гајле дали е само кашлица);

6. Измијте ги рацете пред да го држите бебето (Веројатно сте допреле многу работи);

7. Не барајте да го видите бебето ако не сте разговарале со мене или не сте ме прашале како сум во текот на целата бременост (Едноставно нема шанси!);

8. Ако нашето бебе плаче, ве молам да ми го вратите мене или на неговиот татко (бидејќи не сакам да гледам од далечина како моето бебе плаче).

Погледнете го видеото на Мејзи:

@

♬ -

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg