Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе?

Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да знаете за летувањето со бебе, особено ако тоа ви е прво дете и сте (по малку) исплашени...

na-letuvanje-so-bebe-na-shto-da-vnimavate-i-shto-da-ponesete-zadolzhitelno-so-sebe-01.jpg

Летувањето со бебе е голем предизвик за многу родители, посебно ако тоа има само неколку месеци, а притоа ви е и прво дете.

Но, нема потреба да паничите, особено ако се подготвите добро однапред.

За патувањето да ви биде полесно, прочитајте ги овие корисни совети:

Избегнувајте го шпицот на сезоната

Во шпицот на сезоната, односно во јули и август, температурите се многу високи, а тоа може лесно да предизвика сончаница, изгореници кај детето, алергии и осип на кожата, но и повраќање и висока температура.

Бебето не треба да го изнесувате директно на сонце меѓу 10 и 18 часот, кога УВ зрачењето и температурите се највисоки, па тоа ќе значи и дека поголемиот дел од времето ќе треба да го поминете во сместувањето наместо на плажа.

Затоа, одете на летување од средината на мај до средината на јуни, или уште подобро - во септември, кога и водата е потопла, а температурите пријатни.

na-letuvanje-so-bebe-na-shto-da-vnimavate-i-shto-da-ponesete-zadolzhitelno-so-sebe-03_copy.jpg

Времетраење на патувањето

Колку време ќе останете на море зависи од вас, вашите желби и можности. Бидејќи на бебињата им е потребен период на адаптација на новата клима, воздух, температура, препорачливо е да останете барем една недела.

Од друга страна, не размислувајте за викенд патувања, бидејќи тоа може да делува негативно врз бебето, чиј организам не може за 2-3 дена да се приспособи на промените.

Ако патувате со автомобил правете чести паузи, постојано давајте му вода или сокче на бебето за да биде хидрирано и водете сметка да не му е претопло во автомобилот.

na-letuvanje-so-bebe-na-shto-da-vnimavate-i-shto-da-ponesete-zadolzhitelno-so-sebe-05.jpg

Како да изберете дестинација?

Идеалното место за летување со бебе во голема мера се разликува од местата на кои би оделе ако немате деца. Ако одите во летувалиште, обрнете внимание тоа да е приспособено на вашите потреби, односно на потребите што ги имаат родителите со мали деца.

Изберете дестинација која ќе ви биде блиску, за бебето да не се малтретира со долго патување.

Исто така, обидете се да избегнете летувалишта кои се наменети за млади, односно места со многу дискотеки, клубови и гласна музика, поради кои бебето нема да може да спие.

Наместо тоа, изберете локација со убава песочна плажа, плитка вода, по можност и природна сенка од дрвја за да можете да го однесете бебето во ладовина, а да е притоа и мирна дестинација, прилагодена за летување со бебиња и мали деца.

na-letuvanje-so-bebe-na-shto-da-vnimavate-i-shto-da-ponesete-zadolzhitelno-so-sebe-01_1.jpg

Што не смеете да заборавите пред да тргнете на пат?

Понесете лекови за бебето - против болки, сируп за намалување на температурата, лекови против повраќање, пробиотик, електролити, лекови против алергии, топломер, средство за дезинфекција, а не ја заборавајте ни здравствената книшка

Други работи што ќе ви бидат потребни:

  • Шешир или летно капче за да му ја заштитите главата од сонцето
  • Изберете крема за сончање со висок заштитен фактор, наменета исклучиво за деца
  • Пелени, влажни шамивчиња, прибор за хигиена
  • Прибор за јадење, шишенца за млеко, кашички ако бебето почнало да јаде

Забелешка: Не претерувајте со непотребни работи кои само ќе ви зафаќаат место, а нема да ги искористите.

na-letuvanje-so-bebe-na-shto-da-vnimavate-i-shto-da-ponesete-zadolzhitelno-so-sebe-04.jpg

Важни работи на кои мора да внимавате

За да ги спречите непријатностите кога летувате со бебе, мора да внимавате на неколку работи:

  • Избегнувајте директно да го изложувате бебето на сонце
  • Заштитете го бебето со крем за сончање, капа, лесна облека за плажа, дури и кога е во вода
  • Често давајте му да пие течности
  • Ако го доите, давајте му да цица почесто од вообичаеното
  • Ако бебето реагира лошо кога ќе го внесете во вода, плаче и делува дека не му е убаво, не го држете во вода со сила, туку извадете го
  • Обидете се да му го задржите ритамот на спиење како дома и да не му ги менувате многу постоечките навики

Пред да тргнете на море, побарајте совет од педијатарот за најважните работи поврзани со летувањето со бебе.

na-letuvanje-so-bebe-na-shto-da-vnimavate-i-shto-da-ponesete-zadolzhitelno-so-sebe-02.jpg

Прочитајте и Д-р Звезда Спасовска, специјалист педијатар советува: Кои лекови треба да ги понесеме на одмор со деца?

А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg