Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје

Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од тротоари зафатени со паркирани автомобили, до „главни“ шофери што не застануваат на пешачки и „прошишуваат“ како на трки и мајки што „урлаат“ по децата и го будат твоето... Се согласувате ли?

tipovi-na-lugje-na-koi-naiduvam-dodeka-shetam-so-bebe-niz-skopje-01.jpg

Кога сте често надвор, лесно може да ја забележите сообраќајната, но и домашната култура на луѓето кои ги сретнувате.

Но, тука се и оние љубезните кои секогаш се подготвени да помогнат.

За време на прошетките со моето дете низ улиците на Скопје, сретнав неколку типови на луѓе:

- Детето што држи баскет во раце и почнува да тапка баш кога се разминуваме, додека бебето спие во количка.

- Но, и другарчето на детето што му кажува – не тапкај – бебе има, можеби спие.

tipovi-na-lugje-na-koi-naiduvam-dodeka-shetam-so-bebe-niz-skopje-05.jpg

- Возачот на јак автомобил што мисли дека улиците се негови ако има скапо возило, па не смета дека треба да пропушти пешаци, па уште и со бебе.

- А, и јаките шофери што еден по друг го „прошишуваат“ пешачкиот додека стојам со количка со бебе и уредно чекам некој да се сети да застане.

tipovi-na-lugje-na-koi-naiduvam-dodeka-shetam-so-bebe-niz-skopje-07.jpg

- Но, тука се и најталентираните паркирачи кои го зафаќаат цел тротоар и нема каде да се помине - независно дали е споредна улица или прометен булевар, како и оние кои ги блокираат патеките за преминување.

tipovi-na-lugje-na-koi-naiduvam-dodeka-shetam-so-bebe-niz-skopje-02.jpg

- Жени на поминување кои се расположени да делат секакви совети за детето кога плаче, од типот – леле ова плачење е за запчиња, ѝ растат, мачкај ја...

- Мајката на поголемо дете што одлучува да „урла“ среде улица или парк, додека стои над количка со бебе, кое секако се буди од спиење од нејзиниот вресок...

tipovi-na-lugje-na-koi-naiduvam-dodeka-shetam-so-bebe-niz-skopje-00.jpg

- Келнери што првпат ги гледам и мислат дека е во ред да ми го допираат детето по раце и да му се „напикаат“ во лице.

- Но, тука се и оние келнери, продавачи или случајни минувачи кои секогаш притрчуваат да помогнат за качување по скали со количката. 

- Продавачките и случајни минувачи што знаат дали му е топло или ладно на моето дете, па oдлучуваат да си кажат - ладно е, стави ѝ капа, јакничка, покриј ја... 

tipovi-na-lugje-na-koi-naiduvam-dodeka-shetam-so-bebe-niz-skopje-04.jpg

Се согласувате ли? Кои типови на луѓе ги сретнувате вие? 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Фото: Приватна архива

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg