Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете

Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони каде што има детски седишта во вид на колички, играчки, шарени ѕидови и други работи кои ќе им го привлечат вниманието на малите деца.

trikovi-so-koi-polesno-kje-go-prezhiveete-odenjeto-na-frizer-i-shishanjeto-na-deteto-01.jpg

За многу родители, одењето на фризер и кратењето на косата на детето претставува проблем.

За некои деца, секое седнување на фризерското столче е извор на фрустрација, па родителите треба да се обидат да создадат попријателска средина, со цел детето да се задржи мирно за време на потстрижувањето.

Секое дете е посебно, но, постојат начини на кои може да го смирите детето и да го минимизирате стресот, како за него, така и за вас.

Какви трикови да примените за полесно „преживување“ при посетата на фризер со вашето дете, погледнете во продолжение:

Оттргнете му го вниманието

Еден од најлесните и најчестите начини е да му го оттргнете вниманието на детето.

Во зависност од тоа за што е заинтересирано во таа фаза, понудете му соодветна играчка која мислите дека во тој момент ќе го привлече.

Исто така, обидете се да му дадете вкусни закуски, а доколку е возможно дајте му самото да си држи во рачето нешто, така што ќе биде ангажирано.

Постојано зборувајте

Зборувајте му на детето, кажете му што ќе се случи и почитувајте го она што сте го рекле.

На пример, може да броите, па така, една минута кратење коса, па потоа пауза, па повторно да одбројувате и на крај може да го наградите со пофални зборови.

trikovi-so-koi-polesno-kje-go-prezhiveete-odenjeto-na-frizer-i-shishanjeto-na-deteto-02.jpg

Посетете фризерски салон погоден за деца

Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони каде што има детски седишта во вид на колички, играчки, шарени ѕидови и други работи кои ќе им го привлечат вниманието на малите деца.

Пред да се одлучите за потстрижувањето, ако сте во можност, посетете го салонот за детето да се запознае со средината и што се случува во таа просторија.

Играјте си улоги на фризер

Пред потстрижување, запознајте го детето со професијата така што ќе се преправате дека му правите фризура, дека му ја кратите косата, а за таа цел користете ги рацете или играчки како ножици.

Така, детето ќе се запознае со целиот процес, па ќе му се намали стресот.

trikovi-so-koi-polesno-kje-go-prezhiveete-odenjeto-na-frizer-i-shishanjeto-na-deteto-05.jpg

Останете смирени

Децата ги забележуваат и реагираат на вашите емоции. Затоа, не е доволно да кажете „супер си“, а сепак вие или лицето кое го потстрижува детето да покажете вознемиреност.

trikovi-so-koi-polesno-kje-go-prezhiveete-odenjeto-na-frizer-i-shishanjeto-na-deteto-04.jpg

За крај, имајте предвид дека децата се сепак деца и ним сè им е ново и непознато.

Имајте трпение, бидете смирени и така детето побргу ќе се навикне на целиот процес, па секое наредно одење кај вашиот фризер ќе ви биде полесен и помалку стресен.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg